Мозокот и нервниот систем се „јадат“ самите себе ако не спиете доволно

Спиењето и квалитетниот сон се многу повеќе од обновување на потрошената енергија во текот на денот. Всушност, додека спиеме, во нашиот нервен систем се случува процес на прочистување на отровните остатоци од нервната активност од претходниот ден. Сличен процес се случува и кога сме хронично ненаспани, само што во тој случај, мозокот сам се уништува.

Мозокот и нервниот систем се „јадат“ себе ако не спиете доволно

Доволно е само еден ден да имаме нарушен сон, за да се наруши нормалниот тек на работата на мозокот, но и целиот нервен систем воопшто. Понекогаш, во зависност од околностите, потребен е подолг период за да се надомести штетата. Тим од невролози од Универзитетот Марш Политехник истражувале како лошото спиење влијае врз мозоците на цицачите.

Како и во секоја друга клетка во телото, така и околу нервните клетки постои заштитна миелинска обвивка, составена исто така од клетки кои служат како еден вид лепак на нервниот систем. Токму овие клетки се одговорни за процесот наречен фагоцитоза, процес во кој самата клетка ги „лови“ страните тела, односно токсините, и помага нервниот систем да се освежи и да се одржи здрав. Фагоцитозата е особено изразена во текот на спиењето, поради намалениот метаболитички процес, бидејќи тогаш овие клетки може да проценат што може да му наштети на организмот и да се изборат против тоа.

Мозокот и нервниот систем се „јадат“ себе ако не спиете доволно

Токму затоа, кога постои недостаток на квалитетен ноќен сон, се нарушува процесот на фагоцитоза и може да се случи нервната обвивка да ги нападне здравите нервни клетки. Во текот на истражувањето, лабораториските глувци биле поделени во четири групи и тоа: една која секоја ноќ спие 6-8 часа, втора чии членови биле будени по неколку часа сон, трета чие спиење било одложено за 8 часа и четврта, чии членови биле будни 5 дена. Во првите две групи, процесот на фагоцитоза се одвивал успешно, додека кај третата и четвртата било забележано напаѓање на здравите нервни клетки. Зголемена била и активноста на клетките во миелинската заштитна обвивка, кои интензивно се обидувале да го заштитуваат нервниот систем од непознат напаѓач.

Доколку се соочувате со хронична ненаспаност, најдобро е да побарате помош, бидејќи овој процес на самоуништување на нервниот систем може во иднина да доведе до многу здравствени нарушувања, како што е Алцхајмеровата болест и други слични болести на нервниот систем.

Прочитајте и зошто спиењето со чорапи е добро за вашето здравје.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар