3 прашања со чии одговори ја отворате третата чакра

3 прашања со чии одговори ја отворате третата чакра – центарот на личната моќ

Никогаш не е лошо време да зачекориме во својата личност и да ја согледаме со поголема јасност. Личната моќ се наоѓа во средината на третата чакра, чакрата на Сонцето, позната уште како плексус соларис, која е енергетски центар на ниво на човечката физиологија. Задачата на оваа чакра е да ја буди внатрешната сила и да ви даде гориво за да имате доволно енергија за секојдневните задачи.

Три прашања со чии одговори ја отворате третата чакра - центарот на личната моќ

Од третата чакра се развива и внатрешниот оган и страст, што резултира со топлина, срдечност, животна сила и сјај со кој освојувате сè околу себе. Секоја личност има потенцијал на свеста да трага по сопствениот идентитет и по она што ја прави различна од другите. На овој начин, успевате да се поврзете со својата душа, но и да ја подобрите самоконтролата, како и да воспоставите баланс на надворешните и внатрешните моќи на вашиот дух.

Три прашања со чии одговори ја отворате третата чакра - центарот на личната моќ

Поради тоа, потребно е да си ги поставите следниве прашања:

1. Кој/а сум јас?
2. Што ме прави посебен/на и единствен/на?
3. Како можам да го осветлам светот околу себе?

Поставувајте си ги овие прашања секој ден и ќе забележите како самодовербата и самоконтролата се зголемуваат со секој ден, а со тоа и појасно доаѓате до отворање на вашата трета, соларна чакра.

Прочитајте и што се случува кога ја отворате срцевата чакра.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар