Можете ли да го промените партнерот: 10 жени ги споделуваат нивните искуства

Можете ли да го промените партнерот: 10 жени ги споделуваат нивните искуства

Одново и одново ни кажуваат дека луѓето не се менуваат. Но понекогаш е навистина тешко да се откажете од идејата дека некој, особено партнерот, може да се промени. Но дали ова е навистина можно? Неколку жени ги споделиле своите искуства на Редит, и за жал изгледа дека одговорот на ова прашање сепак останува „Не“.

Можете ли да го промените партнерот: 10 жени ги споделуваат нивните искуства

1. По три години сфатила дека нема да се промени

„По 3 години исти искуства изгледа ми беше доста чекање. Никој нема да се промени за вас, луѓето треба да сакаат да се променат за самите себе.“

2. Сфатила дека никогаш нема да има романтично момче

„Се гледав со момче кое немало сериозна врска претходно, па претпоставував дека недостатокот од внимание е поради неискуство. Кога тој не направи ништо за нашиот втор заеднички Ден на вљубените и покрај тоа што го замолив, сфатив дека проблемот не е тоа што не знае како да биде романтичен, туку дека не му е грижа. Истото момче никогаш не зборуваше за иднината на врската, посветување и слично. Првата година од нашата врска тој купи куќа без да ми каже. Тоа е сосема во ред бидејќи не очекував да го планира неговиот живот со мене кога не знае колку ќе трае врската. Му дозволи на пријателот да се пресели кај него со цел да заштеди пари додека да си најде свое место. Во ред, тоа беше привремено и направи добро дело. Но, кога ми кажа дека истиот пријател ќе купи сопствена куќа, но ќе ја изнајмува на девојка му додека сè уште живее со моето момче, сфатив дека не планира никаков напредок во нашата врска наскоро.“

3. Не признавал дека има проблем со пиењето

„Тој беше алкохоличар. Веќе имаше отидено неколкупати на рехабилитација. Си кажуваше дека нема проблем со пиењето бидејќи си поставуваше правила, на пример, да пие само кога не работи. Но ќе се опиеше и ќе се истуреше на мене. Земаше слободни денови кога сакаше да пие. Испушташе важни работи бидејќи се опил претходната вечер. Раскинавме неколку пати поради ова и му кажав дека мора да биде трезен ако сака да бидеме заедно. Прифати и имавме среќен период. Се пресели кај мене. По неколку месеци одлучи повторно да пие. Беше вистински неред. Го избркав пред некое време. Сè уште ми се јавува пијан и ми плаче бидејќи не сум го сакала.“

4. Не можела да го „поправи“

„Јас се надевав дека ќе му помогнам да се среди. Ми беа потребни 3 години емоционално и малку физичко малтретирање, но и изневерување за да сфатам дека неговата зависност и неговите демони се премногу за мене. Еден ден се разбудив и решив дека не можам повеќе и си заминав. Поминаа 4 години од тогаш и се немам свртено назад.“

5. Мислела дека факултетот ќе го направи финансиски одговорен

„Живееше кај неговите и не плаќаше кирија. Имаше и бесплатно школување сите 5 години на факултет и постојана работа. Кога прв пат го сретнав беше шворц и претпоставив дека тој или неговото семејство минуваат низ тежок период. По дипломирањето, година и пол подоцна, уште немаше пари и почна да позајмува. Разговараме да живееме заедно, но тој ја потроши заштедата од цела година само на пиво, плочи и игри. Сфатив дека нема да се промени и почнав да се откажувам од врската.“

6. Никој не се променил

„Почнавме да се гледаме во средно и двајцата очекувавме другиот да се промени. Кога тргнавме на факултет и двајцата бевме променети, но не бевме компатибилни, а ниту еден од нас не сакаше да признае. Имавме многу несогласувања но изгледа ни беше удобно и никој не помисли дека за овие проблеми се раскинува. Едно лето заминав во странство за летен курс. Многу од луѓето што ги запознав беа слични со мене и сфатив дека не беше фер да чекаме некој од нас да се промени.“

7. Сфатила дека е во ред ако не го промени

„Кога ја започнав врската со момчето се двоумев бидејќи бевме од различна религија. Ова ми беше проблем бидејќи во глава ми беше ставена идејата дека мојот партнер мора да биде христијанин. Бевме заедно речиси 4 години пред да се ослободам од овој проблем и потоа не можев да бидам посреќна. Не сакав да го променам и среќна сум што повеќе не сум ограничена од мојата религија.“

8. Штом еднаш ќе изневери, секогаш ќе го прави тоа

„Искрено помислив дека го променив, но тогаш неговите пријатели конечно ми кажаа дека редовно се гледал со уште две девојки. До ден денес ме моли да се смириме.“

9. Сфатила дека никогаш нема да дипломира

„Имав момче кое беше вечен студент. Требаше да дипломира секој нареден семестар целите две години што бевме заедно. Не можев повеќе.“

10. Не бил различен за неа

„Неколку пријатели ми кажаа дека не е најискреното момче и дека ги изневерувал неговите бивши, но мислев дека ќе биде различен со мене. Потоа почна да ме нарекува како неговата бивша, Алиса, и на крај ме изневери со неа.“

Погледнете зошто треба да ја промените вашата перспектива, а не вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар