Може ли да ви се слоши ако јадете сирово тесто за колачиња?

Иако знаете дека не треба да го јадете, тешко е да му одолеете на сировото тесто за колачиња. А постојат неколку причини зошто не треба да го правите тоа.

Универзална вистина е дека само едно нешто може да му парира на свежо печеното колаче: тестото. Сите вие што јадете сирово тесто пред тоа да стигне до рерната, ризикувате.

Опасности при јадењето живи јајца

Еден од најзагрижувачките моменти се живите јајца. Необработените јајца може да бидат загадени со бактеријата салмонела, а миењето на јајцето однадвор, не го намалува ризикот. Всушност, ризикот би можел да се зголеми со отстранувањето на заштитната обвивка околу јајцето дозволувајќи им на бактериите да влезат во јајцето преку порите на лушпата. И што може да ви се случи ако сте заразени од салмонела? Иако вие тоа не го посакувате, може да добиете треска, дијареја, грчеви во стомакот и главоболка и тоа може да трае од четири до седум дена. Бидејќи повеќето готови смеси за колачиња од продавница се веќе пастеризирани, ризикот од салмонела е значително намален, но ризикот од труење со храна е сериозен.

Совет за професионалците: од продавница може да купите специјално тесто за колачиња што е безбедно за јадење. Ако не го изедете вашето тесто за колачиња, проверете дали треба да го замрзнете пред да го испечете.

Брашното, исто така, може да предизвика проблеми

Иако се случува многу поретко, брашното може да се загади и со бактеријата ешерихија коли. Како што пченицата расте на нивите, може да дојде во контакт со патогени микроорганизми кои се провлекуваат во текот на целиот процес на мелење на житото. Иако многу други работи што ги јадеме, како брокулата и јагодите, исто така, се одгледуваат на ниви, луѓето се подобро едуцирани за опасностите што произлегуваат при нивна консумација. При производството на овие земјоделски култури, исто така, се претпоставува дека луѓето ќе ги јадат сирови и во големи количини.

За да се заразите со ешерихија коли не треба да изедете голема количина сирово брашно. Различни медицински студии покажале дека бактериите не се дистрибуираат низ брашното подеднакво, па затоа, дури и најмала количина може да ве доведе во опасност. За среќа, лесно е да се заштитите од болести: мијте ги рацете, чистете го кујнскиот прибор и печете ги колачињата додека не се готови, на тој начин ќе ги убиете сите бактерии.

Тестото може е вкусно, но нема поголема радост од тоа да гризнеш штотуку печено, вкусно колаче.

Можеби сакате да прочитате и за 16-те опасности од кето диетата за кои треба да знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар