Монте торта: рецепт за кој нема да ви треба рерната

Трислојна кремаста Монте торта која само чека да ја послужите со шолја попладневно кафе

monte-torta-recept-za-koj-nema-da-vi-treba-rernata-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • Бисквити
  • 1 л млеко
  • 100 г скробно брашно
  • 100 г шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 125 г путер
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 г чоколадо
  • Малку рум
Начин на подготовка:
  1. На дното на помала тава за печење наредете еден ред бисквити и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.
  2. За првиот кремаст слој, најпрво ставете го млекото да се загрее и додајте малку рум. Во друг сад измешајте ги шеќерот и брашното со малку ладно млеко за да добиете мазна густа смеса. Кога млекото ќе зоврие, додајте ја оваа смеса и варете на тивко мешајќи постојано околу 2 минути. Во жешката смеса додајте го и путерот и прелијте го добиениот крем врз бисквитите.
  3. За чоколадниот слој, на слаба температура загрејте ја слатката павлака во која треба да е ставено и чоколадото исечкано на парчиња. Кога чоколадото ќе се стопи, прелијте го врз колачот. Ставете го колачот во фрижидер да се излади и уживајте во лесниот кремаст десерт.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.