Моќта на палатата на меморијата: Како никогаш повторно да не заборавите важни информации?

Оваа навидум луда техника е позната како методот на Лоци или палата на меморијата. Таа претставува техника за подобрување на меморијата со визуализација и просторна меморија. Со неа ги поврзувате новите информации со веќе познати работи, па имате побрз пристап до нив. Техниката се користела во древните Рим и Грција, и е позната кај шампионите во помнење.

mokjta-na-palatata-na-memorijata-kako-da-ja-podobrite-vashata-memorija-kafepauza.mk

Клучното во оваа техника е да заборавите да ги помините фактите со повторување. Наместо тоа, поврзете ги идеите на интересен и креативен начин кој ќе ви овозможи побрзо да се сетите на нив. На некој начин, ова е патување низ вашиот ум.

Како да создадете палата на меморијата?

  • Одберете локација која ви е позната, на пример вашиот дом.
  • Повторете го патувањето во главата неколку пати. Размислувајте за емоциите во секоја соба.
  • Ставете по некоја информација во секоја соба и поврзете ја со некој физички предмет, како на пример креветот.
  • Нацртајте ја вашата палата на меморијата.
  • Почнете го патувањето и направете ги работите интересни, така што тие самите ќе се појавуваат. Важно е информацијата да остане таму.

Мнемониката и методот на Лоци

Мнемониката е помошник за помнење кој вклучува рима или ментална слика која ќе ја поврзете со новата информација. Таа може да се користи за телефонски броеви, имиња или пак, за историски податоци.

Ако на пример сакате да запомните листа со неповрзани информации, почнете од првата информација и измислете си приказна со која ќе ги поврзете првата и втората информација, па втората со третата и така натаму. Кога ќе завршите со приказната, ќе имате ментална слика од листата и многу лесно ќе се сетите на информациите.

Престанете со меморирање, почнете да се забавувате

Ќе бидете изненадени од моќта на овие техники штом ќе ги совладате. Тие се забавни и лесни за користење, а ќе ги научите за многу брзо време.

Погледнете го и овој неверојатен трик за помнење.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар