Парализирана виолинистка создава музика со својот ум

Парализирана виолинистка создава музика со својот ум

Животот на талентираната виолинистка Розмери Џонсон целосно се променил кога доживеала страшна сообраќајна несреќа во 1988 година. По несреќата таа била во кома 7 месеци, а кога се разбудила ја изгубила способноста за зборување и движење. Ова ја спречило да свири на својот омилен инструмент.

(2)paralizirana-violinistka-sozdava-muzika-so-svojot-um-kafepauza.mk

Но, новата технологија ѝ овозможила повторно да создава музика. Научниците го создале софтверот познато како „Brain Computer Music Interfacing“, кој го „чита“ умот на Џонсон и ја оживува нејзината музика. Џонсон повторно можела да свири, па дури и имала настап со оркестарот од Лондон.

„Не ни помислував дека повторно ќе свирам со Розмери. Ми беше голема чест да го направам ова со неа. Музиката има неверојатна моќ. Таа им дава глас на луѓето и им дава можност да се изразат“, изјавил еден од членовите на оркестарот.

(1)paralizirana-violinistka-sozdava-muzika-so-svojot-um-kafepauza.mk

Софтверот работи така што Џонсон се фокусира на разни обоени светла со што таа контролира кои ноти се појавуваат на екранот. Таа исто така може да го контролира темпото и гласноста на музиката. Професорот Едуардо Миранда кој го водел проектот изјавил:

„Системот ги чита мозочните бранови на Рози. Ни беа потребни 20 години, и мислам дека немаше да успееме ако Рози не работеше со нас. Сите се расплакавме. Можевме да ја почувствуваме нејзината радост кога ѝ овозможивме да создава музика.“

(3)paralizirana-violinistka-sozdava-muzika-so-svojot-um-kafepauza.mk

Погледнете го и краткиот филм кој ја раскажува приказната на Рози и кој ја содржи нејзината композиција изведена од мал оркестар.

Дали знаете како влијае музиката на вашето здравје?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар