Моќта на извинувањето: Зошто е толку тешко да се каже и како искрено да се извините?

Извинувањето е од голема важност бидејќи помага во смирувањето на кој било конфликт и ја враќа поврзаноста помеѓу партнерите. Ако ја усовршите уметноста на извинувањето, ќе го намалите стресот во врската и ќе научите како да ги заборавате конфликтите и напнатоста.

mokjta-na-izvinuvanjeto-zoshto-ljubovta-znachi-izvini-kafepauza.mk

Постојат многу предности кај извинувањето

1. Кога се извинувате вие ѝ го враќате достоинството на повредената личност и правите да се чувствува подобро. Личноста која го примила извинувањето создава сочувство кон „напаѓачот“ па нивните чувства се претвораат во прошка.

2. Извинувањето може да ги врати довербата и разбирањето во врската. Тоа се случува бидејќи го буди чувството на сигурност, удобност и почит.

3. Кога искрено ќе се извините и кога довербата и разбирањето се враќаат, личноста ќе почне да ве гледа во поинакво светло. Тие ќе имаат поголема тенденција да ви прогледаат „низ прсти“ и ќе ги истакнат вашите добри особини.

4. Ефективното извинување не само што ја лечи раната на повредената личност, туку и ја растопува вашата вина. Евентуално вие ќе развиете чувство за самопочит.

Зошто е толку тешко да се каже „Извини“?

Некогаш е многу тешко да се изговори овој збор. Постојат неколку причини за тоа, а еве ги најчестите:

1. Кога се извинувате признавате дека можеби сте биле грешка, што е закана за вашето его и гордост. Треба да научите како да станете пообјективни и да ги признаете вашите грешки. Не дозволувајте вашата егоцентричност да ве заслепува.

2. Понекогаш луѓето го гледаат извинувањето како потврда за вина или одговорност за конфликтот. Тие мислат дека ако се извинат другата личност нема да го сфати нивното грешно однесување. Ова не е точно, извинувањето ја подобрува комуникацијата и стимулира емпатија и кај двете страни.

3. Извинувањето може да се гледа како начин да се привлече внимание кон грешката. Ова води кон импликации дека најдобро е да се игнорира навредата со надеж дека никој нема да забележи. Но не е важно за колку мала грешка станува збор, ако некој е повреден подобро е да се извините.

4. Личноста мисли дека тој/таа заслужува извинување па го чека партнерот да го направи тоа. Но ова е навистина отровно за која било врска. Не чекајте, направете го првиот чекот. Извинувањето само ќе ја зголеми вашата самопочит.

5. Извинувањето понекогаш се гледа како враќање кон минатото. Но ако продолжувате напред без да ги анализирате и разберете вашите постапки и повредите кои тие ги предизвикале, тогаш само ја зголемувате веројатноста за повторување на вашите грешки.

6. Некои луѓе мислат дека извинувањето е знак на слабост, но всушност важи спротивното. Извинувањето е чин на великодушност и изразување надеж за иднината на врската. Извинувањето е храбар потег бидејќи со него постои ризикот од посрамотување.

7. Личноста која треба да се извини може да мисли дека не заслужува прошка. Но овие мисли можат да бидат навистина деструктивни за една врска.

Совети за искрено извинувањето

Ако сакате да навистина да се извините и да направите повредената личност да се чувствува подобро, пробајте да се држите до овие совети.

1. Кога се извинувате, навистина мислете го тоа. Но пред да се извините, сознајте ја вашата грешка и направете го извинувањето директно.

2. Одберете го вистинскиот момент. На некои личности им треба време да закрепнат, па не дозволувајте бесот да се вкорени во нив. Кажете ако ви е жал за нешто што сте направиле и кажете дека сте подготвени да разговарате за тоа кога тие ќе сакаат.

3. Преземете одговорност за вашите постапки. Не барајте објаснувања и не бидете одбранбени. Заборавете на „но…“ во вашиот говор.

4. Манирите се важни. Обидете се вашиот говор на телото да го кажува она што го чувствувате. Секогаш извинувајте се во лице, гледајте ја личноста во очи и не ги прекрстувајте рацете. Исто така, во овој момент заборавете на вашиот телефон и целото внимание насочете го кон личноста.

Погледнете ги и знаците на искреното извинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар