3 природни отстранувачи на шминка за лице како на бебе

Не мора да користите специјални производи за отстранување на шминката од вашето лице. Памукчињата за вадење шминка можете да ги натопите во некои производи кои веќе ги имате во кујната.

3-prirodni-otstranuvachi-na-shminka-za-lice-kako-na-bebe-kafepauza.mk

1. Млечни производи

Специјализираното млеко за вадење шминка можете да го замените со млекото со кое наутро ги преливате вашите омилени житарки. Освен исчистено лице, овој производ, благодарение на млечните киселини овозможува и регенерација на клетките на кожата, што ја прави помека. Исто така, покрај млеко можете да употребите и јогурт за истиот ефект.

2. Сок од краставица

Излупете една краставица, изрендајте ја и исцедете го сокот и со него потоа нежно отстранете ја шминката од лицето. Краставицата е одличен природен „избелувач“ кој ќе ги отстрани честичките од шминката, но истовремено и го освежува изгледот на лицето, па овој сок можете да го искористите и за утринско „миење“.

3. Маслиново масло

Натопете го памукчето во малку маслиново масло, потоа внимателно отстранете ги маскарата и тушот од очните капаци и трепките. Не само што хранливите природни масла како маслиновото ефикасно ја отстрануваат шминката, туку и ги хранат кожата и трепките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар