Мода и убавина: Оваа сезона важат поразлични правила!

Мода и убавина: Оваа сезона важат поразлични правила!

Па, правилата се тука за да се кршат, зарем не? Токму поради тоа, нешто што до сега важело како правило и стоело под „задолжително“, кога станува збор за шминкањето и фризурата, оваа сезона малку ќе се промени. Значи, старите правила слободно кршете ги со новите, оригинални и освежителни.

1-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

1. „Размачкана“ маскара

Сосема логично е дека досега толку многу внимателно се обидувавте да ја нанесете маскарата, за да не би паднале во очај кога вашата рака ќе се затресе и четката ќе замине таму каде што не треба, во погрешна насока, што како резултат ќе остави дамки од маскара секаде освен таму каде што треба – на трепките! Од сега па натаму, кому му е гајле! Малку размачканата маскара ќе му даде на вашиот поглед една нова димензија, а со овој бјути трик ќе си го обезбедите себеси оној секси, „ненамерен“ изглед кој тотално привлекува.

2-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

2. Сина сенка

Сите знаеме дека таа некогаш се носела и била вистински хит. Но, зошто да не би се носела и сега, повторно? Разбијте ја вашата мејкап рутина и наместо досадните неутрални бои, одберете некоја сина боја која одлично ќе ги истакне вашите очи. Ова боја на сенка одлично ќе им прилега на црнките, бидејќи ќе го освежи нивниот изглед, но и на русокосите, кои лесно ќе постигнат изглед како Барбика.

3-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

3. Портокалово и розово – насекаде!

Ова се препознатливи пролетни и летни бои, односно задолжително воведете ги во својата шминка во наредниот период. На кои делови на лицето да ги нанесете? Па, секаде! Сенка, руменило, кармин… Овие „слатки“ бои им одговараат на сите видови шминка и сигурно одлично ќе ѝ прилегаат и на секоја девојка. Со вакви бои, ќе изгледате многу посвежо и поприродно, што е прва добра промена во однос на јаката шминка која досега многумина од нас ја користеа.

4-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

4. Зачадени очи во 2 чекори

Во врска со ова, заборавете на класичните зачадени очи кои вклучуваат многу нијанси и тоа премногу темни. Добијте го вашиот зачаден поглед во само два чекори, со две посуптилни бои, за да изгледате природно и свежо. Темната нијанса нанесете ја на самите капаци, а посветлата под веѓите. Размачкајте го преминот помеѓу нив, и тоа е тоа. Секако, не заборавајте ја „размачканата“ маскара!

5-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

5. Сосема поразлично коњско опавче

Сите девојки сакаат да носат коњско опавче и со задоволство се одлучуваме за оваа фризура во оние денови кога не знаеме што да правиме со косата. Опавчето е вистинскиот спас во тие моменти, а оваа сезона носете го малку поразлично, со тоа што на интернет можете да пронајдете многу интересни идеи. Изберете интересен аксесоар за коса или заврзете го на поразличен начин. Можностите се безбројни, само пуштете ја вашата фантазија да работи слободно!

6-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_

6. Време е за плетенки!

Секако, плетенките никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат избрани со задоволство во оние денови кога косата изгледа лошо, во лежерните прилики, но и во оние малку посвечените. И овде имате голем простор за експериментирање, бидејќи има многу различни плетенки, начини на плетење, места за плетење и слично. Рибина коска, жито плетенка, боксерски плетенки, една, две, повеќе, подебели, потенки, од цела коса, само поединечни делови… А можете дури и да ги измешате сите и да добиете оригинална фризура!

7-bjuti-izgled-ovaa-sezona-vazhat-porazlichni-pravila-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар