Мажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа така

Мажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа така

Љубомората е многу силно чувство што во голема мера влијае на начинот на кој човекот размислува и се однесува. Иако се тврди дека е заедничка особина, типична за човечките односи во речиси секоја култура, мажите и жените покажуваат различни варијации на таа особина. Во продолжение прочитајте ги научните објаснувања зошто е тоа така.

Мажите и жените се љубоморни поради различни причини и постои научно објаснување зошто е тоа така

Планот за акција на еволуцијата

Во однос на еволуцијата, не е клучно само да го живеете вашиот живот, туку и да создавате нови. Според истражувањето, мажите и жените се создадени на одреден начин да направат 2 важни задачи: да остават многу потомци и да инвестираат во благосостојбата на своите деца колку што е можно повеќе.

Првата задача им е доделена на мажјаците, поради што тие се обидуваат да ги пренесат своите гени со оплодување на различни женки. Од друга страна, женките внимателно избираат партнери кои подобро ќе се грижат за децата. Оваа биолошка определба ги објаснува разликите во тоа што ве прави љубоморни.

Мажите сакаат да бидат сигурни

Мажите имаат мисија за репродукција, па тие сакаат да бидат сигурни дека потомството што тие го одгледуваат е навистина нивно. Целиот процес се одвива внатре во жените, па тие се сигурни дека бебето е нивно, но за мажите не постои таква гаранција.

Врз основа на овој факт, истражувачите објаснуваат дека мажите сметаат дека физичкото изневерување е полошо од емотивното бидејќи сметаат дека е ризик да инвестираат ресурси кај деца кои генетски не се поврзани со нив.

Жените сакаат да го направат најдоброто за своите деца

За жените, причината за љубомора е спротивна – тие сакаат силна поврзаност со партнерот за успешно одгледување на децата. Затоа нив повеќе ги вознемирува емотивното неверство отколку физичкото. Тоа го зголемува ризикот да бидат напуштени и да ја изгубат помошта од партнерот.

Љубомората зависи и од врската

Едно ново истражување сугерира дека не само биолошките улоги влијаат на овие видови љубомора, туку и вашата перцепција за врската. Истражувачите откриваат дека постојат 2 вида приврзаност во врската – дистанцираност и сигурност и ја проучувале нивната поврзаност со љубомората.

Луѓето од првиот вид ја вреднуваат својата независност многу повеќе од што било друго и се дистанцираат од длабоките врски. Тие стануваат љубоморни на неемотивно ниво и физичкото изневерување им пречи многу повеќе. За разлика од нив, другиот вид луѓе се чувствуваат удобно во врската и уживаат во меѓусебната зависност и многу ги вознемирува емоционалното неверство.

Најинтересниот дел од ова истражување е тоа што мажите припаѓаат во првата група, а жените во втората. Oвој резултат, иако е од друга перспектива, ја потврдува идејата дека мажите и жените се љубоморни поради различни причини.

Прочитајте кои се 10-те безопасни работи што сите девојки ги прават за да предизвикаат љубомора кај бившите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар