Магично африканско масло кое е најдоброто решение за сувата кожа

Направете место во вашата козметичка торбичка, бидејќи денес ви откриваме вистински еликсир за убавина. Станува збор за најценетата африканска тајна во форма на чудотворно масло за кожа и коса.

1-maslo-od-marula-idealno-reshenie-za-suvata-kozha-www.kafepauza.mk_

Овој еликсир за убавина се добива од африканското стебло марула. Домот на ова стебло е Јужна Африка и расте на отворени тревници овозможувајќи сенка во облик на сонце. Стеблото расте до висина од 15 до 20 метри и има интересна и разгранета крошна со жолти плодови. Неговиот плод има меко тело и цврста семка која е богата со масло.

2-maslo-od-marula-idealno-reshenie-za-suvata-kozha-www.kafepauza.mk_

Маруловото масло содржи високо ниво протеини, лимонска и јаболкова киселина, овошен шеќер, фосфор, магнезиум, бакар, цинк, тијамин. Се користи за произведување пијалаци, најчесто алкохолни, но во последно време го освојува и светот на козметиката и тоа со добра причина.

3-maslo-od-marula-idealno-reshenie-za-suvata-kozha-www.kafepauza.mk_

Ова масло има богата традиција кај африканските жени. Маруловото масло е идеално за сувата кожа, бидејќи има исклучително хидратантно делување и ефект. Високото ниво на палмитинска и стеаринска киселина е идеално за јакнење на липидниот филм на кожата. Освен тоа, маслото штити од околните влијанија, го намалува црвенилото на кожата и содржи многу витамин Ц кој е заслужен за создавање колаген.

Доколку сакате да ја унапредите вашата рутина за убавина и да ја збогатите вашата козметичка торбичка со масло за нега, тогаш дознајте и кое е најдоброто масло за вашиот тип кожа и нејзините потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар