Љубезност, искреност и насмевка: 20 нешта што ќе направат да изгледате неодоливо

Секогаш внимаваме на нашиот физички изглед. Дали сме добро нашминкани, добро облечени, дали фризурата ни е уредна… Но, дали некогаш сте размислиле дека физичките карактеристики воопшто не се нештата што нè прават привлечни? Секако, секоја дама треба да изгледа убаво и негувано, но без овие нешта, таа е само обична кукла од излогот.

1-ljubeznost-iskrenost-i-edna-nasmevka-20-neshta-koi-kje-ve-napravat-da-bidete-neodolivi-www.kafepauza.mk_

1. Бидете љубезни.

2. Размислувајте позитивно, останатите ќе ги почувствуваат добрите вибрации што ги праќате и сигурно ќе им биде преубаво да бидат во ваша близина.

3. Не тргајте ја насмевката од лицето.

4. Секогаш кога имате прилика засмејувајте ги другите.

5. Кажете им на луѓето кои ги сакате колку ви значи што ги имате во вашиот живот.

6. Пофалете го убавото однесување, манирите, креативната работа, туѓиот труд, убавите зборови.

7. Не заборавајте да кажете БЛАГОДАРАМ…

2-ljubeznost-iskrenost-i-edna-nasmevka-20-neshta-koi-kje-ve-napravat-da-bidete-neodolivi-www.kafepauza.mk_

8. …и ИЗВИНИ кога сте погрешиле.

9. Изградете самодоверба (тоа е најдоброто оружје за да го импресионирате секого).

10. Поработете на вашите комуникациски вештини. Доколку сте интересно друштво за разговор, останатите секогаш ќе уживаат во ваша близина.

11. Бидете автентични. Доколку глумите дека сте некој и нешто што навистина не сте, останатите ќе го препознаат тоа и нема да ви веруваат.

12. Правете го она што го зборувате. Ова ќе ви даде кредибилитет и почит во очите на останатите.

13. Секогаш упатете конструктивна, а не навредлива критика, со намера да ѝ помогнете на личноста да биде подобра во она што го работи.

14. Сакајте се себеси безусловно. Само на тој начин ќе ве сакаат и другите.

15. Изградете самопочитување. Доколку вие не се почитувате, нема да ве почитуваат ниту останатите.

3-ljubeznost-iskrenost-i-edna-nasmevka-20-neshta-koi-kje-ve-napravat-da-bidete-neodolivi-www.kafepauza.mk_

16. Изградете стил на облекување кој ја отсликува вашата личност и носете облека во која се чувствувате добро.

17. Покажете дека ви е грижа за мислењата и чувствата на останатите, но доколку тоа е навистина така.

18. Немојте да ласкате. Тоа го прават личностите со намалена самодоверба.

19. Бидете сестрани: Занимавајте се со различни активности, хобија, дружете се со различни луѓе, патувајте, истражувајте нови места, испробајте нешто ново, излезете од вашата комфорна зона… На овој начин секогаш ќе бидете занимлива личност и ќе имате нешто интересно да им кажете на луѓето со кои разговарате.

20. Работете на себе секој ден за да бидете најдобрата верзија што можете.

4-ljubeznost-iskrenost-i-edna-nasmevka-20-neshta-koi-kje-ve-napravat-da-bidete-neodolivi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар