Одлични југословенски преработки на американски музички хитови што веројатно не сте ги чуле досега

Многу често младите се шегуваат со американските хитови и ги преведуваат на македонски јазик, со цел да покажат колку смешно би звучел текстот на нашиот јазик. Меѓутоа, кога преводот ќе се остави во рацете на врвни преведувачи и продуценти во комбинација со најдобрите југословенски музичари, резултатот е повеќе од неверојатен.

Одлични југословенски преработки на американски музички хитови што веројатно не сте ги чуле досега

Имено, во 1950-тите и 1960-тите некои југословенски продукциски куќи, претежно Југотон, ги откупиле големите американски музички хитови и ги преработиле на југословенските јазици. Пред да донесете избрзан заклучок дека преработките сигурно звучат глупаво, чујте ги популарните американски хитови во југословенски дух на кои нѐ потсети веб-сајтот slavorum.org и од кои ние ги издвоивме најдобрите 8…

1. Мики Јевремовиќ – „Kuća izlazećeg sunca“ (1964) / (The House Of The Rising Sun)

2. Мишо Ковач – „San Francisko“ (1967) / (San Francisco – Be Sure To Wear Some Flowers In Your Hair)

3. Јосипа Лисац – „Nema Sunca“ (1976) / (Ain’t No Sunshine)

4. Бијеле Стреле – „Mrzim Taj Dan“ (1963) / (Unchain My Heart)

5. Мајда Сепе – „Bang Bang“ (1967) / (Bang Bang – My Baby Shot Me Down)

6. Сека Којадиновиќ – „Niko Te Neće Zavoleti“ (1968) / (Somebody To Love)

7. Душан Прелевиќ и Мира Пеиќ – „Daj nam sunca“ (1969) / (Let the Sunshine In)

8. Сањалице – „Srećni Zajedno“ (1967) / (Happy Together)

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар