Либанска салата со модар патлиџан и јогурт

Оваа салата со модар патлиџан и јогурт е совршен гарнир со различни вкусови како ким, лук, свежно нане.

Либанска салата со модар патлиџан и јогурт

Потребни состојки:

  • 2 килограми модар патлиџан (се сече на коцки)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 200 милилитри јогурт
  • 2 средни чешниња лукж
  • 3/4 лажички мелен ким
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/8 лажичка црн пипер
  • 1 и 1/2 лажици ситно сечкано нане
  • свеж сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Загрјете ја рерната на 250 степени.
  2. Исечкајте го модриот патлиџан на коцки.
  3. Поставете го на хартија за печење и печете за 30 минути или додека не зацрви.
  4. Кога ќе биде готов ставете го во еден сад и додадете ги сите други состојки. Мешајте. Додајте сок од лимон по вкус и избор.

Погледнете го и овој рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар