Лесна и лековита напивка од само 3 состојки која ги прочистува бубрезите и срцето

Детоксикацијата или ослободувањето на телото од токсини е клучно за сеопштото правилно функционирање на организмот. Во оној момент кога ќе ги отстраните повеќето штетни отрови од најважните органи, ќе забележите голема разлика во вашата здравствена состојба и ќе го зајакнете вашиот имунолошки систем. Затоа, направете му услуга на вашето тело и започнете да го подобрувате вашето физичко, но и психичко здравје уште денес, со помош на овој лесен и лековит пијалак кој ги прочистува бубрезите и срцето.

Лесна и лековита напивка од само 3 состојки која ги прочистува бубрезите и срцето

Потребни состојки:
  • 3 коренчиња целер
  • 2 кружни парчиња ананас
  • 1 лажица свеж исечкан магдонос
Начин на подготовка:

Измијте ги и исчистете ги сите состојки, а потоа иситнете ги на парчиња. Ставете ги во блендер и додавајте малку вода сѐ додека не ја добиете посакуваната густина. Подготвениот пијалак консумирајте го два пати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер и тоа правете го во текот на целата седмица. Доколку сакате, можете да додадете две лажици овесни снегулки и неколку бадеми и да направите здрав оброк кој ќе ве држи сити во текот на целиот ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар