Лаги во врска со парите кои можат да ви ја уништат врската или бракот

Заедничките финансии се многу чувствително прашање затоа што од нив зависи дел од слободата која ја имате во животот. Затоа луѓето кои го делат буџетот со некој друг понекогаш знаат и да излажат, ставајќи ја својата врска на голем ризик. Сепак, овие пет лаги би требало секогаш да ги избегнувате затоа што опасноста која ја носат е преголема.

Лаги во врска со парите кои можат да ви ја уништат врската или бракот

Лажење за сумата пари која ја заработувате

Ако сте во сериозна врска која би можела да заврши со брак, тогаш потребно е вашиот партнер да знае колку точно заработувате. Заедничкото водење на домот не толерира лажење за вакво нешто. Мора точно да се знае колку пари би имале во заедничкиот буџет. Затоа ова е разговор кој мора да го имате уште пред да стапите во брак.

Лажење за начинот на кој заработувате

Партнерот треба да знае дали заработувате само од платата или имате и некој друг извор на приходи. Тоа може да биде дополнителна хонорарна работа, хартии од вредност, наследство или добивка од обложување. Можно е партнерот кој го крие дополнителниот приход тоа да го прави поради некоја причина која не сака да ја сподели поради страв. Ако заработува од обложување, се поставува прашањето за неговата зависност од тоа. Или ако има некаков мистериозен дополнителен приход, дали можеби тоа е од некои нелегални дејствија.

Лаги во врска со парите кои можат да ви ја уништат врската или бракот

Лажење за долговите

Долговите за неисплатени кредити или други долгови кои пред бракот се само ваши, после стапувањето во брак стануваат заеднички со некој друг. Не смеете да си дозволите да лажете за нив.

Лажење за она што го купувате

Можеби има нешто кое сакате да си го купите, претпоставувате дека вашиот партнер нема да се сложи со тоа, но вие сепак го купувате и лажете дека тоа е старо или лажете дека сте го купиле по многу пониска цена од реалната. Оваа лага ќе води до друга за да се скрие првата лага, и така може да продолжи до недоглед.

Лажење за пари кои им ги позајмувате на блиските

Ако вашите блиски се соочуваат со големи финансиски проблеми и вие им позајмувате пари за да им помогнете, вашиот партнер треба да знае за тоа ако тоа влијае на заедничкиот буџет. Ако се плашите дека тој/таа нема да го прифати тоа, подобро е да разговарате искрено за тоа и да објасните зошто морате да им позајмите пари, отколку да лажете и да ја нарушите меѓусебната доверба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар