Крем супа од печурки

Вкусната крем супа од свежи печурки, во комбинација со препечен леб е одличен избор за топло предјадење.

Крем супа од печурки

Потребни состојки:
  • 150 грама исечкани шитаке печурки
  • 100 грама шампињони
  • 50 грама маргарин
  • 2 исечкани кромиди
  • 15 грама брашно
  • Коцка за супа измешана во 200 милилитри вода
  • 250 милилитри павлака за готвење
  • Прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:

Растопете го маргаринот во големо тенџере на средна температура. Динстајте ги кромидот и печурките 10-тина минути, додека не омекнат. Постепено додавајте го брашното и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Постепено додавајте ја растворената коцка супа и повремено мешајте.

Кога супата ќе згусне, додајте павлака, па потоа зачинете со сол и бибер.

Сервирајте ја супата топла, со препечен леб.

Пробајте ја и оваа здрава и посна чорба со спанаќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар