Креативна заработка: 7 одлични идеи за втора работа

Креативна заработка: 7 одлични идеи за втора работа

Работата од 8 до 4 може да стане монотон начин на заработување. Но што ако ви кажеме дека постојат начини да си помогнете финансиски, а притоа и да се забавувате? Сега е идеалното време да почнете креативно да заработувате! Погледнете ја следнава листа со идеи за втора работа што воопшто и нема да ви изгледа како работење, туку како платено забавување…

kreativna-zarabotka-7-odlichni-idei-za-vtora-rabota-www.kafepauza.mk

1. Замислете се себеси целосно прекриени со златна или сребрена боја! Вие стоите на улица и не правите ништо, а сепак заработувате пари. Сигурно сте гледале или сте читале за оние што глумат живи статуи – тоа е одличен начин да внесете забава во вашата секојдневна рутина и истовремено да заработите некој денар плус.

2. Ако веќе некое време планирате драстична промена на фризурата, искористете го токму овој месец за вашата трансформација и заштедете некој денар за патување. Сигурно сте чуле или сте прочитале за луѓе што нудат пари во замена за коса. Сигурно не би било лошо да го промените имиџот и да добиете многу комплименти во замена за дополнителен извор на пари.

3. Зарем постои девојка што не би сакала да биде муза на талентиран уметник? Но дали сте знаеле дека позирањето за сликари и фотографи може да биде многу исплатливо? Се сеќавате на онаа сцена од филмот „Титаник“ кога Џек со своите вешти прсти го црта голото тело на својата сакана Роуз? Вие не мора да позирате без облека, бидејќи секако ќе се чувствувате совршено и единствено ако се овековечите на фотографија или уметничко дело.

4. Сите ние живееме во брз свет, па кога ќе треба да завршиме некоја здодевна обврска што одзема многу време, може да ни се стемни. Една од овие обврски, ако не и првата на оваа листа, е чекањето ред во пошта или банка. Но дали би го правеле тоа ако ви плаќаат? Најзафатените луѓе радо би платиле некој да им ги завршува овие обврски наместо нив. Одлично време да се биде жив, се согласувате?

5. Зачленувањето во фокус групите на одредени компании може лесно да го наполни вашиот паричник. Доволно е да го искажете вашето искрено мислење за работата или производите на фирмата и брзо да заработите доволно за да се почестите со нешто убаво. Ова воопшто не звучи лошо, се согласувате? Од друга страна пак, тука се и научните студии кои исто така им плаќаат многу на своите испитаници со цел да ги тестираат своите производи или пак, теории. Би прифатиле да бидете дел од нешто такво?

6. Познато е дека Кинезите живеат во сосема различен универзум во споредба со нашиот. Токму затоа и сигурно нема да ве изненади фактот дека таму би можеле да заработите ако се изнајмувате самите вие. И не, не мислиме на продавање на телото за задоволување туѓи потреби, туку на вистински бизнис. Со оглед на тоа што луѓето со бела кожа во Кина се реткост, тие ќе ви платат големи суми пари само за да се појавите на одреден настан, бизнис состанок или коктел журка. Веќе ги спакувавте куферите? Ви посакуваме убав помин и многу заработени пари!

7. Поминувате многу време во природа? Нов Зеланд има одлична понуда за вас! Во нивните прекрасни зелени предели можете да заработите многу пари така што ќе го оценувате квалитетот на омиленото овошје на светот – бананите! Зарем има подобар начин да фатите боја, да посетите нова земја и да заработите многу пари? Обожаватели на банани, кој е вашиот изговор да останете дома?

Дали можеби дошло време вашето хоби да го претворите во кариера?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Kire Reply

    Mislam deka vakvi stattii se dobri
    Za da se prezivee kaj nas sekoj mora da raboti dve raboti…
    No jas statijava ne ja najdov kotisna zatoa sto ne e za nas pazar treba da se prilagodi kako za nas mentalitet i da se pise sto bi se rabotelo togas kako vtora rabota

Остави коментар