Спијте како вистинска принцеза на овој кревет инспириран од „Малечката сирена“

Зарем постои девојка што длабоко во себе не посакува да биде принцеза? Особено ако во детството омилениот цртан филм ви бил „Малечката сирена“, тогаш имаме одлично изненадување за вашата внатрешна Ариел!

Зарем некому би му здодеало да живее живот на сирена? И покрај тоа што можеби вие нема да се преселите под вода, сепак можете да спиете во креветот на Ариел и конечно да ги претворите вашите опсесии со сирени во реалност. Зарем има нешто послатко од тоа?

Да бидеме реални, овој кревет е всушност наменет за нашите деца, но и ние се сметаме за деца во срцето, така што сосема е во ред да спиеме на него! Креветот во форма на отворена школка може да биде купен преку португалската компанија „Circu“ што создава магичен мебел. Заедно со него доаѓа и внатрешна ноќна светлина и сè тоа по цена од 16.000 долари.

Во ред, ова можеби е малку скапо, и најверојатно ќе биде уште едно од оние нешта што ни се слизнале низ раце, но со оглед на тоа што станува збор за креветот на ќерката на Кралот Тритон, смееме да сонуваме, се согласувате?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар