Крцкави печени компири со посебен шмек

Крцкави печени компири со посебен шмек

Вкусни, крцкави компири со специфичен вкус…

Крцкави печени компири со посебен шмек

Потребни состојки:
  • 6 компири
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 30 г путер
  • сол
  • мелен црн пипер
Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 220 Целзиусови степени. Компирите засечете ги на крукчиња, но не до крај. Секоја кришка нека биде со дебелина 3-4 милиметри.

Распоредете ги компирите во тава за печење, помеѓу сите крукчиња ставете малку лук. Одозгора ставете по едно парче путер. Полијте ги компирите со маслиновото масло и ставете сол и црн пипер.

Печете ги отприлика 40 минути додека не заруменат убаво и додека не станат крцкави.

Крцкави печени компири со посебен шмек


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.