Комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона

Како што девојките растат, така тие сè повеќе се борат со мислите што да прават со влакненцата од интимната зона. Постојат многу начини на кои можете да ги одржувате во ред, но кој од нив е најдобриот за вас? Погледнете ги сите методи за средување на срамните влакненца, како и нивните позитивни и негативни страни кои можат да ви помогнат да го одберете оној кој вам најмногу ви одговара.

Комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона

ОСНОВНИ ВИДОВИ ОТСТРАНУВАЊЕ СРАМНИ ВЛАКНА

1. Околу рабовите

Ги оставате влакненцата под гаќичките од костимот за капење недопрени, додека пак се отстрануваат само оние кои надзираат.

2. Лента за слетување

Станува збор за отстранување на сите срамни влакненца, со исклучок на вертикалната линија веднаш врз усните, која завршува над клиторисот. Овој изглед може да варира во ширина и должина.

3. Целосна депилација

Последната можност е целосно отстранување на влакненцата, започнувајќи од вагината, па сè до задникот. Најчесто оние кои носат бикини кои многу откриваат го одбираат овој стил без влакненца.

МЕТОДИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ СРАМНИ ВЛАКНА

1. Бричење

Ова е најпопуларниот и најевтин метод за средување на вашите влакненца. Според една студија, 23% од сите жени над 18 години го користат бричот за отстранување на нивните срамни влакна. Бричењето се состои од 5 едноставни чекори: потскратување на влакненцата со ножици, намокрување со вода, мачкање со лосион, бричење и потоа негување со крема. Не заборавајте да го избегнувате бричењето за време на месечниот циклус, бидејќи вашата кожа е многу чувствителна во тој период. За најдобри резултати, бричете во истата насока во која ви растат влакненцата и избегнувајте да повторувате повеќе пати на едно место. Доколку сте почетници, бричете се еднаш неделно, додека пак ветераните можат сами да ги одберат своите преференции.

Видови бричови

Кога станува збор за бричењето, избегнувајте ги рамните бричови за една употреба или оние кои не се повеќе остри. Доколку сакате да ги намалите повредите на кожата, одбирајте брич со централна глава, повеќе видови сечила и ленти за навлажување на кожата.

Што да правите, а што не за време на бричењето?
  • Пред да почнете со бричењето, скратете ги влакненцата најкратко што можете.
  • Не користете силно парфимиран лосион по бричењето бидејќи хемикалиите во него можат да ги иритираат нежните делови од кожата. Наместо тоа, користете алое вера, бебешко масло или бебешка пудра.
  • Избањајте се пред бричењето со цел да ги омекнете влакненцата.
  • Не користете сапун, туку нанесете крем за бричење со цел да ви помогне полесно да ги отстраните влакненцата со минимална иритација на кожата.

2. Депилација

Без разлика дали ќе се депилирате во домашни услови или ќе одите во салон, восокот е подолготраен метод со кој можете да ги контролирате влакненцата долу. Но, имајте на ум дека восокот е топол, па за да избегнете отекување и болка на вашата кожа, напијте се аспирин 30-тина минути пред депилацијата. Постапката е едноставна: топлиот восок се нанесува на посакуваната област и потоа се отстранува набрзина и со нанесување притисок. Лентите се отстрануваат во спротивна насока од растот на влакненцата.

Домашна депилација

Не е тешко да ја најдете соодветната опрема за депилирање, но потребно е детално да ги прочитате упатствата со цел да не правите грешки. Процесот вклучува топлење на восокот сè додека не добие течна форма, како медот. Исто така можете да купите и ленти за депилирање со цел да го избегнете нередот. Пред да започнете, погрижете се вашите раце да бидат чисти и дезинфицирани и не нанесувајте директно на бикини зоната сè додека не сте сигурни во себе. Вежбајте на вашите раце или нозе додека не научите како најдобро да ги отстранувате влакната. Исто така погрижете се температурата да не е премногу висока пред да го нанесете восокот врз вашите препони со цел да не се изгорите.

Потопете го дрвеното стапче во восокот и нанесете го на соодветната област. Обидете се да се движите во една насока. Доколку сакате основна депилација и да ги отстраните само влакненцата кои ѕиркаат врз гаќичките, тогаш нема да ви биде многу тешко, но ако сакате целосна депилација, ќе мора да научите да се справувате со болката додека ги влечете лентите. Доколку останат по неколку влакненца, отстранете ги со пинцета, но што и да правите не нанесувајте втор слој на истата област. Ова видео може да ви помогне да започнете.

Депилација во салон

Бидејќи станува збор за многу чувствителен регион, не нè изненадува фактот што повеќето жени се обраќаат кај професионалец. Но, пред да го одберете вашиот салон, погрижете се да откриете дали козметичарката има искуство и дали добро ја врши својата работа. Не се плашете дури и да поминете во салонот и лично да ги распрашате вработените.

Доколку ви е непријатно да се соблечете пред непозната личност, имајте на ум дека таа гледа многу жени во текот на денот и нема што не видела. Исто така, секогаш можете да се обидете, па доколку не ви се допаѓа како таа работи, побарајте друг салон.

Постојат 5 видови депилација кои можете да ги побарате во секој салон за убавина:
  • Бикини депилација – се отстрануваат влакненцата кои се надвор од областа на гаќичките
  • Целосна бикини депилација – оваа депилација резултира со триаголник од преостанатите влакненца кој се наоѓа на врвот од вашата вагина.
  • Француска бикини депилација – потемелно отстранување на влакненцата, оставајќи една вертикална линија покрај усните, во форма на лента за слетување.
  • Бразилска бикини депилација – се отстрануваат сите влакна, вклучувајќи ги оние кои водат кон задникот. Најчесто останува само една линија, која може да се скрие зад танги.
  • Холивудска бикини депилација – се отстрануваат сите влакненца од почетокот на вашата вагина, па сè до задникот, вклучувајќи го и него. Овој метод бара тимска соработка помеѓу вас и козметичарката со цел да се постигне максимален успех.
Што да правите, а што не за време на депилацијата?
  • Почекајте влакненцата да ви пораснат барем 5 милиметри пред да закажете за депилација или да ја загреете вашата опрема. На овој начин, восокот ќе може подобро да се закачи за влакното со цел брзо и лесно да го отстрани.
  • Не се сончајте веднаш пред или по депилацијата.
  • Откако ќе завршите со депилацијата, носете само памучни гаќички со цел вашата кожа да може полесно да дише и да се намали иритацијата.

3. Чупање

Доколку имате трпение и доволно слободно време за да ги отстраните сите вишок влакненца од вашата бикини зона, тогаш слободно направете го тоа. Но, бидејќи станува збор за многу тешка и долготрајна работа, најчесто пинцетата се користи како последен метод за отстранување на оние влакна кои останале по депилацијата или бричењето. Исто така не заборавајте да ја дезинфицирате пред да ја користите.

4. Ласерско отстранување

И покрај тоа што многумина веруваат дека станува збор за трајно решение, ласерското отстранување не ги отстранува веднаш и засекогаш вашите влакненца. Еве како тоа функционира. Најпрво светлината од ласерот се насочува кон посакуваното влакненце, уништувајќи го меланинот во фоликулите, па по околу недела и половина тоа почнува да се распаѓа. Станува збор за скап процес, кој има многу рестрикции. На пример, не смеете да се сончате 4 недели претходно, ниту пак да ги скубете вашите влакненца во тој период, како и да ги осветлувате со хидроген пред или потоа. Кога станува збор за регионот околу бикините, потребни се 4 до 5 третмани со цел да се елиминираат влакната. Но, дури и тогаш тие нема засекогаш да исчезнат и ќе мора да продолжите со понатамошни третмани.

5. Електролиза

За време на електролизата, тенка метална сонда се спушта во фоликулите на влакненцата, нанесувајќи електрична енергија во областа која ги генерира влакната. Бидејќи станува збор за ефективен и траен процес, вие треба да бидете сигурни дека сакате да ги отстраните вашите влакна. Исто така имајте на ум дека електролизата е многу скапа и нејзината цена варира од бројот на терапии кои ќе ви бидат потребни. Но, и покрај тоа што станува збор за траен процес, во некои случаи може да се случи враќање на влакната, доколку има промени во хормоните.

Сепак внимавајте. Пред да се одлучите за овој процес, потребно е да одберете квалификуван, лиценциран и верификуван електологист. Исто така едуцирајте се за ризиците и придобивките од отстранување на срамните влакненца.

6. Кратење со ножици

Можеби најлесниот и најевтиниот начин на справување со несаканите влакненца е нивното кратење со ножици. Но, бидете внимателни со нив и секогаш движете се бавно, дури и кога користите огледало. Исто така инвестирајте во помал пар ножици со цел да имате поголема контрола.

СПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИТЕ ВЛАКНА

  • Депилацијата резултира со помалку внатрешни влакна отколку бричењето.
  • Носете пантолони кои немаат тесни еластични делови околу нозете.
  • Редовно правете пилинг на кожата.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар