Колку време e безбедно да ги јадете остатоците од храната?

На многумина често им останува вишок ручек, додека пак понекогаш луѓето знаат и да подготвуваат поголеми порции со цел да готват помалку во текот на неделата. Но, колку и како треба да ги чувате овие оброци со цел да биде побезбедно за вас?

Колку време e безбедно да ги јадете остатоците од храната?

Салата од туна, јајца или пилешко

Доколку вашиот фрижидер е наместен до 5 степени Целзиусови, тогаш сите овие јадења можете да ги чувате до една недела. Салатата може да трае до 7 дена доколку ја подготвувате со состојки извадени директно од фрижидерот. Но, доколку тие прво стоеле на собна температура, тогаш постои поголема опасност да се развијат бактерии и таа да се расипе пред рокот.

Месо

Без разлика на начинот на кој е подготвено, тоа во фрижидер може да стои 3 до 4 дена. Со цел да не се расипе премногу брзо, ставете го во фрижидер во рок од 2 часа по подготвувањето. Месото може и да се замрзне, но на тој начин ризикувате да го загубите неговиот вкус при повторното одмрзнување.

Пица

Доколку е со месни состојки, пицата може да стои во фрижидер исто толку долго како и месото. Внимавајте таа да е добро спакувана, а пред консумирање загрејте ја (најдобро во тава).

Супа и вариво

Кога се подготвуваат овие оброци, луѓето често свесно прават големи количини, но имајте на ум дека тие во фрижидер можат да траат најмногу до 4 дена. Токму затоа поделете ги во различни садови и кога ќе се оладат (не целосно), ставете ги во фрижидер непокриени. Затворете го садот веднаш штом храната целосно се олади.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар