Поучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?

Четири свеќи гореле полека. Околу нив владеела тишина, па токму затоа и можел да се слушне нивниот разговор.

Поучна приказна: Која свеќа сте ја изгасиле вие?

Првата свеќа рекла: Јас сум Мир. Луѓето не успеваат да ме сочуваат, па токму затоа и нема потреба да горам. Мислам дека е време да се изгасам. И таа тоа и го направила.

Втората свеќа рекла: Јас сум Вера. За жал, во најдобар случај многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам, па токму затоа нема потреба да горам и понатаму. Само што го изговорила тоа, дувнал нежен ветер и ја изгасил.

Третата свеќа жалосно проговорила: Јас сум Љубов. Немам веќе сила, бидејќи луѓето често забораваат на мене. И во истиот момент се изгасила.

Брзо потоа во собата влегло едно дете.

Што се случува?“ – прашало тоа. Требаше да горите до крај, рекло, плачејќи.

Тогаш се слушнал гласот на четвртата свеќа: Не грижи се, сè додека јас горам ќе можеме да ги запалиме и другите свеќи. Јас сум Надеж…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар