Колку често се бакнувате со партнерот? Колку повеќе толку подобро!

Бакнежите се составен дел на љубовната врска, но тие играат многу поголема улога отколку што си претпоставувате. Поточно, некои истражувања од универзитетот Оксфорд покажале дека кога се бакнувате со партнерот, во мозокот се прави размена на информации за кои не сте ни свесни. Мозокот го анализира начинот на кој се бакнувате и врз основа на тоа несвесно донесува одлуки што може да бидат одлучувачки за иднината на врската.

Колку често се бакнувате со партнерот? Колку повеќе толку подобро!

Со други зборови, бакнежите се еден вид несвесна комуникација меѓу партнерите.

Научниците од Оксфорд темелно ги испитале тајните на бакнувањето и откриле дека тие всушност ви помагаат да го пронајдете и задржите „вистинскиот“ партнер за долга врска.

Покрај тоа, судејќи според ова истражување, жените се посигурни при изборот на партнерот и тие на несвесно ниво повеќе се потпираат на бакнувањето како начин да се „избере“ вистинскиот партнер за себе.

Дури и ако не сте свесни за тоа, потсвесно го оценувате вашиот партнер со тоа што ги анализирате неговите особини и некои недостатоци. Бакнежот, исто така, ви овозможува да „измерите“ колку партнерот е во форма, односно колку е здрав. Ова го дознавате преку здивот на партнерот и „вкусот“ на бакнежот, бидејќи непријатниот здив или мирис може да бидат сигнал за некои здравствени проблеми.

Исто така, за време на бакнежот, меѓу партнерите се разменува себум, супстанција која ја произведуваат жлездите во телото. Оваа супстанца открива и информации што го предизвикуваат мозокот да се сомнева дали некоја личност е доволно здрава за да се основа семејство со неа.

Јасно е дека сето ова се случува на несвесно ниво затоа што никој од нас нема намера толку многу да го анализира партнерот кога се бакнува.

Фактот дека 60% од луѓето изгубиле интерес за партнерот заради лош бакнеж, исто така, е во прилог на оваа теза. Мозокот буквално го анализира бакнежот и испраќа порака во која ви кажува дали личноста ви одговара или треба да ја прекинете врската.

Од друга страна, бакнувањето со партнерот што го сакате е одличен начин за зајакнување на врската. Усните се полни со нервни завршетоци, па затоа кога се бакнувате со саканиот, во мозокот се ослободува супстанцијата окситоцин, позната како хормон за среќата.

Покрај тоа, бакнувањето со партнерот доведува до зголемено производство на серотонин, друга супстанција која ви помага да се чувствувате добро, но исто така ви помага и да изградите здрава и среќна релација. Бакнежите исто така го намалуваат нивото на кортизол, хормон на стресот.

Затоа, бакнувајте колку што е можно повеќе со вашата сакана личност. Празниците се како создадени за ширење љубов и позитивна енергија!

Можеби сакате да прочитате и за 8-те работи што можете да ги научите за некого од само еден бакнеж.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар