Коктел на денот: Замрзнато Мохито

Автор: Маја Линкова

Како се разладувате во летните горештини? Пиете ладна вода, јадете сладолед, или пак можеби правите овошни коктели? Доколку се одлучите за коктели, ви го препорачуваме замрзнатото Мохито.

GT0104_frozen-mojito

Потребни состојки за 2 чаши:
  • 60 мл шербет (еднаква количина шеќер и вода се варат сè додека шеќерот не се растопи)
  • Сок од 2 лимети
  • 12 свежи лисја нане, плус за декорација
  • 2 чашки кршен мраз
  • Бел рум
Начин на подготовка:

Ставете ги сирупот, сокот од лимета и нането во блендер, мешајте додека не се соединат состојките. Додадете ги румот и кршениот мраз и мешајте додека не стане пенливо. Добиениот коктел ставете го во две чаши и додајте по едно гранчиња нане за декорација. Нека ви е на здравје!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.