Чудни нешта за кои никогаш не сте помислиле дека ги прават и други

Чудни нешта за кои никогаш не сте помислиле дека ги прават и други

Автор: Маја Линкова

Ако мислевте дека сте единствените кои имаат чудни навики, не грижете се. Повеќето од нас проверуваат дали има чудовиште позади завесата во бањата, ѕиркаат под креветот, се кријат под чаршафот или седат на чудни места додека зборуваат на телефон. Па, ако повеќето луѓе прават такви работи, не е повеќе чудно, нели?! Но, сепак, некои сè уште се срамат да го признаат тоа што го прават.

4.2

Еве неколку чудни работи кои ги прават луѓето:

1. Вежбаат говори пред огледало

Кога треба да се соочите со некоја важна личност, вие сакате да се покажете во најдобро светло. Поради тоа, го вежбате вашиот говор и вашите изрази на лицето пред огледало. Има и полесни ситуации, на пример кога сонувате како се соочувате со шефот или професорот и сакате да видите како изгледа тоа (бидејќи секако тоа никогаш нема да се случи).

2. Се чувствуваат лошо поради облеката која никогаш не ја облекле

И навистина, сите имаме облека која сме ја купиле и воопшто не ја носиме, а зафаќа простор во плакарот. Сите сме поминале низ истото – стоиме пред плакарот, ѕиркаме внатре и тажно гледаме во етикетата на необлечената облека. Се чувствуваме лошо за облеката која не видела бел ден, и нормално тука е вината која си ја префрламе поради парите кои залудно сме ги потрошиле на нешто што не го користиме.

3. Проверуваат дали има чудовиште позади завесата во бањата

Страшните сцени во хорор филмовите најчесто се случуваат во бањата. Кога има извор на зло во куќата, изворот е секогаш туш кабината. Ова е причината поради која, секогаш кога влегувате таму, ја тргате завесата и проверувате дали има чудовишта, демони, вампири, сериски убијци или какво било суштество кое сака да ве уплаши, искасапи или изеде. Исто така, кога сте внатре во туш кабината, повторно ѕирнувате надвор за да видите дали некој ве чека.

4. Проверуваат дали има чудовиште во орманот во тоалетот

Како што веќе рековме, ова е собата на злото, но опасноста не се наоѓа само во завесата. Духовите и другите суштества навистина многу сакаат огледала и орманчиња. Подобро погледнете зад вас, без да погледнете во огледалото.

5. Се движат додека зборуваат на телефон

Со цел да се убеди лицето на другата линија во она што го зборувате, треба да одите бесмислено напред-назад додека разговарате. Важно е да се додадат и изрази на лицето и говор на телото, кои друга личност нема да ги види, но ќе ги почувствува. 🙂

Уште неколку чудни навики кои мора да се спомнат:
  • Се однесувате смирено иако знаете дека одите во погрешната насока
  • Потребата да се најде нешто добро за гледање на телевизија, пред да се почне со јадење
  • Си замислувате дека тајмерот на микробрановата е бомба
  • Проверувате дали имате телекинетичкка моќ

Која е вашата чудна навика?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Angela Reply

    Buzzfeed

Остави коментар