Кои се оние работи кои го блокираат патот до неговото срце?

Веќе некое време се состанувате и од старт имате впечаток дека сте ја запознале вистинската личност за вас. Но, тој сѐ почесто ги презакажува состаноците, а истовремено ве убедува дека сѐ е во ред. Што е тоа што наеднаш го оддалечува од вас?

Кои се оние работи кои го блокираат патот до неговото срце?

Може звучи неверојатно, но не е добро доколку воопшто не се расправате

Секако дека и мажите мразат расправии, но полошо е доколку не реагирате кога нешто не е во ред. Според нив, доколку не си ги кажувате мислите веднаш, со тек на време тие ситници ќе ескалираат во многу побурна расправија. А не е исклучена и можноста дека ќе добијат впечаток дека не се грижите за нив. Сѐ од ова ќе ги натера да размислат за иднината на врската.

Страв од она што следи

Многу мажи мислат дека доколку влезат во врска, тие ќе мора да се откажат од некои други работи – машките пријателства, фудбал двапати неделно и сл. Веднаш штом ќе сфатат дека се вљубуваат, нив ги фаќа паника и се повлекуваат. Ако не сте во состојба да се воздржите од реакција која само ќе ги потврди нивните стравови, сето ова нема да заврши добро.

Подобра прилика на некое друго поле

Подобра работна позиција значи и повеќе часови на работното место. Наместо да ја балансираат новонастанатата животна ситуација со времето кое ѝ го посветуваат на својата сакана, мажите обично ја ставаат кариерата на прво место. Па, ако се случува нешто важно на ова поле, постои голема можност тие да се повлечат.

Во денешно време, сѐ почесто младите се откажуваат од љубовта многу брзо. Но, зошто е тоа така? Дознајте тука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар