Кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаат

Кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаат

Сите ние сакаме да бидеме почитувани и да нè сакаат другите, но дали е тоа навистина возможно? Никогаш не би можеле да им угодиме на сите и затоа најдобро е да не се ни обидуваме. Најважно од сè е да се цениме себеси без оглед на она што мислат другите за нас. Понекогаш чувствувате дека не ја добивате наклонетоста на другите иако ја заслужувате? Ова се причините зошто е тоа така.

Кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека луѓето не ве сакаат

1. Дали им покажувате на другите дека се грижите за нив?

Нормално е да сакате другите да се грижат за вас, но, дали вие се грижите за другите? Колку често им покажувате внимание на другите? Дали знаете што се случува во нивниот свет и што им е потребно за да се чувствуваат среќно и безбедно?

2. Дали покажувате емпатија?

Дали туѓото страдање го сфаќате само како нечиј проблем за кој не треба воопшто да се грижите? Дали имате аверзија кон туѓите предизвици и тешкотии? Дали можете да препознаете кога некоја личност тагува или се плаши? Или се обидувате да изградите сопствен свет до кој не дозволувате да допре туѓата болка?

3. Дали сте арогантни спрема другите?

Дали им оставате простор на другите да ги искажат докрај своите мислења или брзо го отфрлате она што не е во согласност со вашите верувања? Дали мислите дека секогаш сте во право? Дали сте доволно силни да признаете дека понекогаш грешите и дека не е крај на светот ако туѓите постапки ви го сменат начинот на размислување?

Откако прочитавте кои прашања треба да си ги поставите доколку сметате дека другите не ве сакаат, можеби ќе сакате да ги   прочитате и 3-те совети за оптимистичко размислување и позитивен поглед на животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар