Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?

Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?

Тешко е максимално да уживате во убавото време кога очите ве чешаат, носот ви тече и постојано кивате или страдате од симптоми поврзани со алергии, познати и како алергиски ринитис.

Кои намирници ги намалуваат симптомите на алергија?

Покрај лековите за олеснување на симптомите, постојат одредени намирници кои не само што ќе го зајакнат вашиот имунитет туку и ќе ви помогнат да се ослободите од алергиите на природен начин.

Кромид

Кромидот е природен антихистамин (група на лекови која се користи за справување со алергиите), богат со кверцетин, флавоноид кој има силно антиоксидативно дејство. Кверцетинот го блокира производството и ослободувањето на хистамин, процес вклучен во алергискиот одговор на телото, како и помага при инхибиција на други алергиски и воспалителни процеси. Други добри извори на кверцетин се: јаболка, црвено вино, каперси, црн пипер, коријандер, црн и зелен чај, банани и пиперки.

Кефир

Овој ферментиран млечен производ содржи пробиотици за кои е докажано дека го намалуваат воспалението на носните патишта, ги третираат сезонските алергии и го зајакнуваат имунитетот. Други извори на пробиотици се јогуртот и киселата зелка.

Портокал

Портокалите се богати со витамин Ц кој делува како природен антихистамин, но и со кверцетин, а комбинацијата од кверцетинот и витаминот Ц помага при намалување на воспалението. Други извори на витамин Ц се: агруми, пиперки, брокула, јагоди, папаја и манго.

Мед

Покрај веќе познатите антиинфламаторни својства, медот може да ги намали алергиите доколку се зема на самиот почеток на сезоната. Кај луѓето кои редовно консумираат домашен мед, симптомите од алергија на полен се намалени за дури 60%.

Куркума

Овој зачин содржи куркумин, антиинфламаторно соединение кое го спречува ослободувањето на хистамин и го намалува оксидативниот стрес и алергискиот одговор. Куркуминот исто така го зголемува протокот на воздух во носот и го зајакнува имунолошкиот одговор кај луѓето со алергии. Апсорпцијата на куркуминот се зголемува доколку куркумата ја консумирате заедно со црн пипер.

Откако прочитавте кои намирници ќе ви помогнат да се справите полесно со симптомите на алергија, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те грешки што ги правите кога имате алергија.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар