Кои 6 работи треба да престанете да ги правите во мај 2023 година?

Кои 6 работи треба да престанете да ги правите во мај 2023 година?

Во мај нè очекуваат неколку позитивни астролошки аспекти меѓу кои најважен ќе биде крајот на ретроградната фаза на Меркур. Затоа, би било добро доколку се обидете да се откажете од одредени негативни вибрации, навики и верувања:

Кои 6 работи треба да престанете да ги правите во мај 2023 година?

Желба за одмазда

Мај може да биде совршено време да им ставите крај на негативните емоции. Важно е да научите дека не треба да одговарате на негативноста со негативност туку да научите да простуваме. Кога престанувате да обраќате внимание на негативните емоции и им простувате на луѓето, тоа ве прави среќни бидејќи внатрешните блокади исчезнуваат.

Рамнодушност кон сопствените и туѓите проблеми

Во мај ослободете се од рамнодушноста и поврзете се со чувствата на другите луѓе. Ако се грижите за другите луѓе, тогаш вашиот живот значително ќе се промени на подобро. Ќе имате поголема среќа. Покрај тоа, обидете се да не го одложувате решавањето на важните задачи.

Самокритика

Во мај не бидете премногу критични кон себе. Обидете се да се опуштите и конечно да сфатите дека фокусирањето само на недостатоците може само да ја намали самодовербата. Бидете искрени со себе, но не премногу напорни.

Преголема амбициозност

Во мај многумина од вас ќе можат да ги отстранат проблемите кои се појавија во втората половина од претходниот месец. Тоа ќе биде возможно само ако малку забавите и не си поставувате премногу тешки задачи. Во мај треба да се фокусирате на она што е најважно, а не на она што носи повеќе пари или моќ. Амбицијата е добра, но во мај 2023 година сè треба да биде умерено.

Не реагирајте импулсивно

Подобро е прво да размислите за сè, па дури потоа да го направите она што ви треба. Бидете внимателни кога ќе се појават дилеми. Во мај може да има многу ситуации кога треба да направите избор. Ако избрзате со одредени одлуки, можеби нема да успеете да ја остварите целта.

Нерационално распределување на времето

Во мај во никој случај не треба да трошите многу време на нешто што моментално не е главен приоритет во животот. Затоа, важно е да си поставите приоритети.

Откако прочитавте кои работи треба да престанете да ги правите во мај 2023 година, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие совети кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите луѓето и ситуациите онакви какви што се.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар