Кога срцето е загрозено, боли седмиот прешлен: Вака се поврзани сите органи со ’рбетот

Кога срцето е загрозено, боли седмиот прешлен: Вака се поврзани сите органи со ’рбетот

Класичната медицина се фокусира на лекување на нарушувањата на одделните органи, додека специјалистите за алтернатива избираат да го третираат целото тело. Современата наука советува да ги комбинирате двата системи и резултатот ќе биде видлив бидејќи многу од болките всушност се пренесуваат и ги збунуваат и пациентите и лекарите.

Кога срцето е загрозено, боли седмиот прешлен: Вака се поврзани сите органи со ’рбетот

’Рбетот е поддршка на целиот организам и е поврзана со коскената срж. Нервните канали се разгрануваат од ’рбетот во други органи заедно со импулсите што се пренесуваат во двата правци. Ако има нешто што ја нарушува функцијата на органите, овие информации ќе се пренесат преку нервните канали и болката ќе се манифестира во ’рбетот. И обратно – проблемите со ’рбетот влијаат на функционирањето на органите во телото со кои е поврзан. Кога во телото постои заболување, мора да откриете на кој дел од ’рбетот ќе се одрази тоа. За полесно да успеете во тоа, погледнете како секој орган е поврзан со ’рбетните прешлени.

Вратни прешлени – од првиот до шестиот прешлен

Ова област е поврзана со слухот, со видот, со органите за говорење и со мозочните активности. Напнатоста во мускулите околу овој дел од ’рбетот предизвикува прешлените да се „компресираат“ и тоа може да предизвика главоболки, заматен вид и други симптоми.

Вежбите кои ги опуштаат мускулите во оваа област ќе излечат многу нарушувања на органите.

Седмиот прешлен е поврзан со тироидната жлезда

Покрај тоа, седмиот вратен прешлен и од првиот до третиот торакален прешлен се поврзани со срцевата активност.

Болката во пределот на коренот на вратот може да укажува на патолошка состојба на срцето, на аритмии, на ангина итн.

Од првиот од четвртиот торакален прешлен

Ако чувствувате болка во овој дел од ’рбетот, тоа значи дека страдаат горните екстремитети, рамената, млечните жлезди или бронхиите.

Од четвртиот до осмиот торакален прешлен

Тие се одговорни за функциите на дигестивниот систем. Бидете внимателни затоа што болката во срцето лесно се заменува со болката при акутен гастритис и обратно.

Затоа е многу важно да не се лекувате сами и да се консултирате со лекар.

Од деветтиот до дванаесеттиот торакален прешлен

Тие се поврзани со меѓуребрените мускули и со уринарниот систем, односно со нивните симптоми, како што се чувството на непријатност и болка. Оваа состојба обично е многу тешка за испитување и за дијагностицирање.

Горниот дел од грбот е поврзан со големото црево, а честата лумбална болка обично е знак на воспаление на цревата, како и обратно. Редовните вежби за ’рбет ќе ви помогнат при оваа состојба, особено со грчевите.

Во долниот лумбален регион, импулсите доаѓаат од репродуктивниот систем. На пример, болката во долниот дел може да укаже на остеохондроза и на други нарушувања на мускулно-скелетниот систем, како и на гинеколошки или на некои машки проблеми.

Источни методи на лекување

Со векови, кинеската медицина ја користи т.н. внатрешна врска помеѓу ’рбетот и внатрешните органи за лекување широк спектар на болести. Според ова учење, одредени точки во близина на ’рбетот, односно нивната изложеност на акупунктура, масажа и други техники, може да помогне во активирањето на органите и да ги излечи нивните заболувања.

Исто така, кинеските лекари тврдат дека секој стрес се шири низ целото тело. Тие ја потенцираат и сериозноста на влијанието на одредени емоции врз одредени органi, како и за степенот на оштетување што може да настане:

1. Третиот торакален прешлен е поврзан со респираторните инфекции. Чувствата како тага можат да се собираат на ова место и да предизвикаат проблеми со белите дробови и со бронхиите.

2. Четвртиот и петтиот торакален прешлен се поврзани со срцевата активност, а агресијата и лутината најсилно влијаат врз работата на најважниот мускул.

3. Деветтиот и десеттиот торакален прешлен се поврзани со црниот дроб и со жолчното ќесе, а овие органи најбрзо се уништуваат при лутина и злоба.

4. Единаесеттиот торакален прешлен е директно поврзан со слезината. Опсесивните мисли имаат моќ да го уништат овој орган, предизвикувајќи нов бран негативни емоции.

5. Вториот лумбален прешлен е поврзан со активноста на бубрезите, а нив најмногу ги уништува стравот.

На Исток, овие проблеми најчесто се решаваат со масажа, што на крајот може да го поправи целокупното здравје на ’рбетот, на внатрешните органи и на нервниот систем.

Сепак, со масажа не може да се излечат сите акутни или хронични процеси, па затоа треба да посетите лекар ако болката во ’рбетот не престанува или нема логична причина за болка, како што е повреда или истегнување на мускулите во таа област.

Погледнете што открива за вашето здравје местото каде што ви се појавуваат брчки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар