Кога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи…

Ова се 55 совети кои секој татко би можел да ѝ ги каже на својата ќерка.

Кога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи...

  1. Светот е огромен и вреди да се истражи.
  2. Смеј се секогаш кога ќе најдеш каква било причина за тоа. Смеењето им годи на душата и здравјето.
  3. Знам дека нема да ме послушаш за ова, но не брзај да пораснеш. Ќе дојде ден кога ќе сакаш да го забавиш текот на времето.
  4. Здравјето е многу важно. Грижи се за него.
  5. Семејството секогаш ќе ти биде на располагање. Не плаши се да прашаш или побараш што било.
  6. Да бидеш своја е неопходно за да бидеш среќна. Мисли со своја глава и сама носи ги своите одлуки.
  7. Разумот е многу корисна алатка во животот. По неа се разликуваат оние што се успешни наспроти оние кои водат стресен живот и никогаш не учат од грешките.
  8. Сечие мислење не е битно, но вреди да се сослуша. Ако ништо друго, ќе го прошириш својот поглед за уште една перспектива.
  9. Насилството не смее да има место во твојот живот, освен ако, не дај Боже, дојдеш во ситуација да треба да се одбраниш.
  10. Не ги прифаќај расизмот, сексизмот и каков било друг облик на нетолеранција и дискриминација.
  11. Секој заслужува почит, освен ако тој или таа не те почитува тебе.
  12. Луѓето на светот главно се добри, но има и многу кои се лоши. Немој да им судиш додека не дознаеш доволно за нив.
  13. Набљудувањето е клучот за разбирање на светот околу тебе. Набљудувај и потоа пробај да ја разбереш околината. Потоа пак набљудувај.
  14. Секогаш размислувај два чекори однапред. Не размислувај само за последиците од твоите дела, туку и за последиците од тие последици.
  15. Секогаш имај план Б.
  16. Одлуката за тоа што ќе правиш со животот не се донесува само еднаш. Таа може да се менува како што ќе се менуваат твоите желби, интереси и потреби.
  17. Биди добра со животните. Тие не се луѓе, но се живи суштества кои чувствуваат. Тие не се толку различни од нас како што некои луѓе сакаат да веруваат.
  18. Сомневај се и преиспитувај го секое тврдење во животот.
  19. Во ред е ако не знаеш нешто. Можеш да научиш.
  20. Интелигенцијата е многу вреден квалитет.
  21. Жените не само што се паметни исто колку и мажите, туку се и попаметни од повеќето мажи.
  22. На жените не им се неопходни мажите.
  23. Нема ништо погрешно во тоа да бидеш геј. Ако повеќе ти се допаѓаат жените, уживај во тоа.
  24. Имаш слобода да одбереш која религија најмногу ти одговара.
  25. Читањето е важно, а може и многу да се ужива во него.
  26. Ако сакаш да учиш за животот, тогаш нурни во светот на науката и филозофијата.
  27. Избери факултет кој ќе сакаш да го учиш. Не грижи се толку многу за тоа каде ќе работиш, на тоа ќе мислиме кога ќе завршиш.
  28. Вмрежувањето со вистинските луѓе значително ќе те доближи до успехот.
  29. Многу е важно да имаш добри пријатели, но имај предвид дека сите луѓе не се способни да бидат тоа.
  30. Почни со сексот кога ќе бидеш вљубена. Ова не значи дека треба долго да чекаш да дојде „вистинскиот“, но можно е подоцна да преферираш љубовта да била присутна во тоа.
  31. Сексот може да биде супер со вистинската личност и да направи да се чувствуваш најубаво на светот. Но, со погрешната личност ќе ти даде сосема спротивно чувство.
  32. До кај 25-годишна возраст, повеќето мажи ќе бидат покрај тебе само поради желбата да те легнат.
  33. Сакај ги и цени ги своите браќа и сестри. Тоа може да биде напорно на моменти, но ќе си се најдете во животот.
  34. Пиењето алкохол може да биде забавно, но и опасно.
  35. Истото важи и за дрогите. За нив е најдобро ако никогаш не ги пробаш.
  36. Дознај го потеклото на производите кои ги купуваш. Тоа е многу корисно.
  37. Секогаш користи кондоми и други средства за контрацепција. Не ризикувај фаќање на сексуално преносливи болести и немој да имаш деца додека не си спремна за тоа.
  38. Никогаш немој да возиш во нестабилна состојба. Никогаш!
  39. Секогаш врзувај се кога возиш, не користи го телефонот додека го правиш тоа и вози одговорно.
  40. Не влегувај во ситуации кои се опасни по твоето здравје или живот.
  41. Љубовта може да биде и најубавата и најгрдата работа на светот.
  42. Кога ќе најдеш некого покрај кого можеш да се замислиш до крајот на животот, немој да го испуштиш. Можеби ќе бидеш исплашена и загрижена, можеби нема да бидеш сигурна во себе, но ако го испуштиш засекогаш ќе жалиш за тоа.
  43. Не мора да се мажиш, но убаво е да најдеш животен партнер. Не брзај во тоа.
  44. Не дозволувај да бидеш нечиј трофеј.
  45. Нема ништо погрешно во тоа да бидеш домаќинка додека мажот го обезбедува семејството. Прави го тоа што те прави среќна.
  46. Влези во брак исклучиво поради љубов и поради ниту една друга причина. Разводот не е пријатен.
  47. Во ред е да се разведеш ако си направила грешка при изборот на сопруг. Не останувај во брак ако не ти одговара тоа. Ќе биде потешко ако имате и деца, но доколку носите зрели одлуки тоа може да заврши со минимална штета.
  48. Ти сама си го дизајнираш животот. Ти и никој друг.
  49. Ако има нешто кое многу силно го посакуваш, тоа и ќе го добиеш. Но, немој да очекуваш дека самото ќе ти дојде в раце. Тоа треба да си го заработиш.
  50. Простувај им на луѓето, но знај дека е разбирливо ако некогаш не можеш да го сториш тоа.
  51. Отворениот ум го прави животот поубав.
  52. Избегни го каењето. Преземај ризици и прави грешки ако е потребно.
  53. Продолжувањето на животот на оваа планета е наша одговорност. Грижи се за целата природа, не само за луѓето.
  54. Не се помирувај со животот таков каков што е, ако тој не ти се допаѓа. Секој следен момент е можност да го промениш.
  55. За да направиш промени во животот, потребно е само да одлучиш за тоа. Ако подоцна се премислиш, тоа значи дека никогаш и не си ги сакала промените.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар