Кое растение треба да го чувате во дневната соба, а кое во кујната?

Зеленилото го намалува стресот, им помага на хиперактивните деца да го контролираат своето однесување, ги подобруваат концентрацијата и расположението итн. Покрај тоа, растенијата во домот значително го подобруваат квалитетот на воздухот. Според истражувањето на американската агенција НАСА, собните растенија можат да отстранат дури 87% од загадувачите, а ако ги поставите на соодветно место во домот, ќе имате уште повеќе придобивки. Во продолжение прочитајте кои растенија се најпогодни за одредена просторија во домот.

1. Спална соба: Алое вера

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bitkilerin Dünyası (@bitkilerindunyasiyt) on

Најдобро е да го ставите ова растение веднаш до перницата затоа што, за разлика од многу други собни растенија, тоа ослободува кислород во текот на ноќта, а апсорбира јаглерод диоксид. Исто така, го чисти кислородот од бензен и формалдехид, токсини што ги има кај многу средства за чистење.

2. Кујна: Хлорофитум

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Оксана (@oxanaber) on

Додека готвите, се создава многу чад и пареа, така што отпорниот хлорофитум ќе ги апсорбира „валканите“ делови од воздухот. Не бара посебни услови кога станува збор за вода, за светлина и за температура, а го отстранува јаглеродниот моноксид, кој се создава со готвење на плин, како и јаглеродниот диоксид, смогот, бензенот и други гасови што влегуваат во вашиот дом од околината.

3. Трпезарија: Палма арека

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♡ 🇩🇴 Jomarif Fermín 🌿 (@jomgardens) on

Ова растение отстранува многубројни токсични материи од просторијата (формалдехид, трихлоретилен, ксилен и др.) и е одличен растителен навлажнувач на воздухот. Според истражувањето на НАСА, палмата арека со висина од 1,8 метри ослободува околу 1 литар вода за 24 часа.

4. Дневна соба: Спатифилиум

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N a t a l i e (@natalieblake) on

Лесно за одржување, ова прекрасно растение не само што го намалува испарување на хемикалиите од средствата за чистење, туку и го елиминира штетното зрачење од мониторите и ТВ-екраните.

Погледнете ги овие трикови со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар