Кое овошје содржи висок процент на протеини?

Кое овошје содржи висок процент на протеини?

Кога помислувате на протеини, веројатно мислите дека ги има само во месото, морските плодови, мешунките, млечните производи и оревите. Сепак, списокот не завршува тука бидејќи има добар процент на протеини во овошјето. Иако овие намирници содржат најмногу протеини, во случај да сте на диета или сте алергични на некоја од нив, добро е да знаете дека и во овошјето може да најдете протеини.

Кое овошје содржи висок процент на протеини?

Според истражувањето, жените треба да консумираат 46 грама протеини дневно, а мажите околу 56 грама. За да го постигнете ова, порцијата овошје што ja јадете за ужина нема да ви биде доволна. Во продолжение прочитајте кое овошје има висок процент на протеини за да го додадете во вашата исхрана.

Гуава

Гуавата содржи околу 4 грама протеини во себе, многу е слатка за јадење и содржи многу витамин Ц, растителни влакна, а се препорачува да се јадат и кората и семките.

Авокадо

Веројатно знаете дека авокадото е одличен извор на здрави масти. Сепак, дали знаевте дека содржи и 3 грама протеини во него? Авокадото е богато со растителни влакна, магнезиум, ниацин и витамини Ц, Е и К и е одлична комбинација на масти и растителни влакна што ќе ве држат сити со часови.

Кајсија

Свежите кајсии содржат до 2 грама протеини. Ова овошје е добар извор на калиум и витамини А, Ц и Е, а особено е добро за здравјето на очите и кожата. Исто така, влакната што се наоѓаат во лушпата на кајсијата и во средината го подобруваат варењето на храната.

Капини

Една рака свежи капини содржат околу 2 грама протеини. Во нив ќе најдете речиси 50% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, како и високо ниво на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Исто така, тие содржат дури 8 грама влакна и ќе се чувствувате прилично сити откако ќе изедете мала количина капини.

Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар