Клучни потсетници за сите што одбиваат да ѝ дозволат на анксиозноста да ги засени нивните соништа

Клучни потсетници за сите што одбиваат да ѝ дозволат на анксиозноста да ги засени нивните соништа

Да, навистина е тешко да се живее со анксиозност. Таа знае да ни направи да се чувствуваме целосно неспособно да си го живееме животот, и покрај тоа што тоа не е вистина. Сепак, со тек на време, учиме како да се справуваме со неа и како да не ѝ дозволиме да ни се меша во секојдневието. Па, ако и вие страдате од анксиозност и имате лош ден, тогаш прочитајте ги следниве потсетници што ќе ви помогнат да продолжите да се движите напред!

1. Анксиозноста влијае на тоа како се чувствувате, но не ја намалува вашата способност или пак, потенцијалот. Вие не сте помалку способни да го правите тоа што го сакате затоа што сте анксиозни.

2. Многу неверојатно успешни луѓе се борат со анксиозност. Ова е така затоа што делот од мозокот што е поврзан со креативноста исто така ги контролира и грижите.

3. Поврзаноста помеѓу чувствителноста и успехот е причината зошто толку многу лидери во светот живеат со анксиозност. Тие се водени од интензивни емоционални подеми и падови.

4. Сите се анксиозни. Вие не сте единствени на оваа планета. Вие сте само личност што е свесна за себе и за своите емоции.

5. Анксиозноста не секогаш значи дека нешто не е во ред со вашиот живот. Почесто таа е знак дека има проблем со вашата неврохемија, или начинот на кој размислувате.

6. Интензивното чувство на анксиозност ве прави поспособни да го идентификувате нејзиниот извор и посоодветно да делувате. Повеќето луѓе чувствуваат лесна анксиозност, и прават сè во својата моќ за да ја потиснат, без притоа да го решат проблемот.

7. Анксиозноста не е лесна, но може да се излезе на крај со неа. Прашајте која била личност со анксиозност и таа ќе ви каже дека во даден момент, како и сега, живее успешно и среќно.

8. Да се обидувате да не почувствувате анксиозност никогаш повторно е пат до сигурен неуспех. Наместо тоа работете на идејата да ја чувствувате анксиозноста, но сепак да го направите тоа што ве прави нервозни.

9. Вие не мора да се чувствувате одлично секој момент од вашиот живот за вистински да живеете. Вие не ни треба да сте постојано среќни. Важно е само да го правите тоа што вашето срце го сака, дури и кога ви е непријатно.

10. За сите значајни или големи проблеми во животот, вие треба да чувствувате анксиозност. Ова значи дека ќе влезете во непознатото, а тоа е знак за вистински прогрес.

11. Можете да ја користите вашата анксиозност како предност. Оваа дополнителна енергија може да биде искористена за да ја напоите креативноста или мотивацијата со цел да направите позитивни промени во вашиот живот.

12. Вашиот мозок е научен да го бара најстрашното, и најлошото со цел да најде начин како да се заштитите. Ова не е фундаментална грешка, туку вака луѓето биле дизајнирани за да преживеат. Никогаш не заборавајте го ова!

Погледнете ги и овие 5 скриени начини на кои анксиозноста го разболува вашето тело!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар