Какво е влијанието на светлината врз вашиот биоритам?

Какво е влијанието на светлината врз вашиот биоритам?

Луѓето минуваат една третина од нивниот живот спиејќи. Иако звучи премногу, сепак без ова не би можеле да функционираме.

Какво е влијанието на светлината врз вашиот биоритам?

Имено, за време на спиењето, нашиот мозок се регенерира и ги процесира информациите добиени во текот на денот. Дури и најмалиот недостаток од сон може да има сериозни последици врз здравјето.

Едно истражување покажало дека и само 17 до 19 часа без сон имаат влијание врз организмот како да сте испиле повеќе алкохол. Доколку подолго време не спиете доволно, можно е да настанат сериозни когнитивни проблеми, промени во однесувањето и влошување на концентрацијата.

Иако научниците воглавно ја разгледуваат улогата на сонот врз нашето здравје, од голема важност е и изложеноста на светлина.

Нашите очи се толку моќни, така што луѓето кои имаат проблеми со нив можат да почувствуваат и проблеми во дневниот биоритам, нешто што може да го наруши квалитетот на сонот.

Без светлина, нашиот внатрешен часовник почнува да се „расипува“ бидејќи се нарушува природниот ритам од 24 часа.

Иако е факт дека повеќето луѓе не се изложени на доволно светлина во текот на денот, оние кои работат ноќни смени се соочуваат со уште поголеми проблеми. Овие луѓе работат во време кога телото природно треба да спие, па го надополнуваат изгубениот сон со дневно спиење. Спиењето во текот на денот е секогаш со лош квалитет. Доколку личноста го следи овој распоред на спиење подолго време, може да се соочи со тешкотии со процесирање на информациите, но и да има проблеми со изразување и разбирање на емоциите.

Дознајте и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар