Каков накит ќе се носи во текот на летото?

Има уште неколку месеци пред да стигне летото, но тоа нема да ги спречи припадничките на понежниот пол да се подготват да изгледаат елегантно и модерно, а накитот ќе биде неизоставен моден додаток.

1. Накит со школки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CoCoNut🥥Love🌴 (@coconut___love) on

Ако сакате да бидете во тренд, изберете накит изработен од школки, без разлика дали тие ќе изгледаат како да се извадени од морето, ќе бидат украсени со некаков принт или ќе имаат интересни форми.

2. Цветен накит

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NYMPHAEA (@nymphaeajewelry) on

Ова лето ќе се носат парчиња кристали што ќе изгледаат како ружи, големи метални цвеќиња покриени со кристали и брошеви во форма на цветови.

3. Ѓердани во различни форми

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Өнөр_11.29 (@unur_1129) on

Во мода ќе бидат кратки ланчиња слични на чокери, но и ланчиња со необични детали, како што се форми на животни и инсекти. Исто така, ќе се носат долги ѓердани со украси што ќе достигнуваат речиси до половината и ќе изгледаат одлично на отворено деколте.

Ако носите едноставна облека, дозволете си да „претерате“ со накитот, но не правете го тоа кога ќе облечете нешто привлечно. Многумина ќе носат ленена облека, како и ткаенини со многу дупки, а сите тие се совршена основа за интересен накит.

4. Винтиџ бисери

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Henny And June Vintage Jewelry (@hennyandjunevintagejewelry) on

Винтиџ бисерите се враќаат во мода, но нема да се носат како порано. Овие бисери можете да ги врзете формирајќи еден голем јазол. Бисерите со необични и нееднакви форми, кои наликуваат на солзи, на срца или сл. изгледаат одлично кога висат на обетките или на ѓерданот.

5. Обетки изработени од различни алки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spatz (@spatz.jewelry) on

Ако сакате да изгледате модерно, носете обетки изработени од различни алки. Разновидноста создава динамика, а вашиот изглед ќе биде поинтереснен ако алките се покриени со школки или со кристали.

6. Марами

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ILONA TAMBOR (@ilonatambor) on

Во мода ќе бидат марами со различни дезени и ќе се носат околу вратот, околу зглобот на раката, дури и околу главата, но и како парче накит.

Погледнете какви украси за коса ќе бидат во тренд во текот на оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар