Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

Ако не сте пушач и ви смета мирисот на тутун во вашиот дом имаме неколку корисни трикови како веднаш да се ослободите од непријатниот мирис на цигари.

Како веднаш да се ослободите од мирисот на тутун во вашиот дом?

Непријатниот мирис на чад од цигари кој го исполнува вашиот дом и ви предизвика лошо расположение може да го отстраните на целосно природен начин. Еве неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да дишете со полни гради. Но, најпрво отворете ги прозорците за добро да проветрите.

Бел вински оцет

Белиот вински оцет е секако еден од најдобрите неутрализатори на чадот од цигари. Подгответе мешавина од бел вински оцет и топла вода, а потоа со крпа избришете ги сите површини. Избришете ги столовите, орманите, полиците и другите делови од мебелот. Исто така може да ги избришете вратите и прозорците. Ако мирисот е премногу силен може да ставите чаша со оцет да стои во собата во текот на ноќта. Доколку не го сакате мирисот на оцет, тогаш помогнете си со следните трикови.

Сода бикарбона

Дури и сестраната сода бикарбона може да ве спаси од непријатните мириси. Ставете ја содата во сад и однесете ја во собата каде се пуши. Исто така може да ставите сода по подот од просторијата во која се пушело и да ја оставите да дејствува 24 часа. Потоа едноставно соберете ја со правосмукалка. На овој начин може да се ослободите и од мирисот на цигари на гарнитурата, тепихот или фотелјите.

Заводливиот мирис на цитрусните плодови

Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на тутун и со помош на лимон или портокал. Излупете ги, поделете ги на парчиња и распоредете ги во неколку чинии. Ставете ги во просторијата каде се пушело или низ целиот стан, додека не се исушат. Наскоро просторијата ќе се исполни со пријатен мирис.

Ако сакате да одите чекор понатаму, истражете ги и овие природни начини за откажување од пушењето цигари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар