Како вашите теписи да мирисаат како да се штотуку испрани?

Кога станува збор за чистотата, свежината и убавината на домот, чистите и миризливи теписи се половина од работата.

Денес, теписите ретко се перат рачно, затоа што луѓето немаат услови да го прават тоа, па најчесто ги носат кај професионалци. Препорачливо е да го правите тоа најмалку еднаш годишно, како и редовно да ги чистите теписите со правосмукалка на секои 2-3 дена. Ако имате миленичиња, треба да чистите со правосмукалка секој ден и почесто да ги перете теписите.

Еве неколку совети што треба да ги применувате ако сакате вашите теписи секогаш да мирисаат свежо и чисто, како да се штотуку испрани.

  1. Рамномерно нанесете сода бикарбона на тепихот за да ја „избришете“ нечистотијата и да ги елиминирате мирисите. По половина час, темелно поминете со правосмукалка.
  2. Ако тепихот е влажен или има голема влажност во просторијата, користете оцет наместо сода. Нанесете оцет на тепихот и тој ќе ја разложи нечистотијата и ќе ги елиминира миризбите.
  3. За чист тепих што мириса убаво, измешајте чаша боракс и 15 капки од омиленото есенцијално масло. Нанесете на тепихот, оставете да отстои, а потоа исчистете со правосмукалка.
  4. Освежувачот за облека, исто така, има добар ефект ако сакате миризлив тепих.

Совети плус:

  • Не користете сапун за чистење на тепихот бидејќи тој привлекува нечистотија и не може целосно да се отстрани од тепихот.
  • Кога ќе ви падне некаква храна на тепихот, веднаш соберете ја и исчистете ја дамката колку што е можно подобро за да спречите оштетување на тепихот, а и за тој да не добие лош мирис од храната.

Може да прочитате и за тоа како да се собира помалку прашина во домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар