Како стравот го окупира вашиот живот? Еве 3 начини да се осободите од него!

Како стравот го окупира вашиот живот? Еве 3 начини да се осободите од него!

Колку пати сте пропуштиле некоја животна прилика бидејќи сте биле уплашени? А уште колку прилики планирате да пропуштите за да сфатите дека стравот не ве води никаде, освен надолу?

(1)-kako-stravot-go-okupira-vashiot-zhivot-i-3-nachini-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mk

Стравот го претставува она нешто кое сметате дека може да ве повреди или некако да ви наштети. Тоа значи дека кога ќе дојдете во ситуација која има основа да се развие во нешто што ќе ве повреди, вашиот мозок потсвесно развива теории и ги детектира предупредувачките знаци кои кај вас се манифестираат како стрес, потење, тешко или забрзано дишење и сл. Во зависност од тоа за што станува збор, стравот може да биде постојан и на пониско ниво или интензивен и на повисоко ниво.

Анксиозноста е тип секојдневен, постојан страв кој повеќе се манифестира како свесност за потенцијална опасност отколку како одговор на таа опасност. Како функционира? Мозокот ослободува хормони за стрес кои прават збрка во вашите приоритети, па наместо да се концентрирате на една работа, во глава ви се врти сѐ и сешто. Ова во ситуации на вистинска опасност знае да биде многу корисно, но при оние секојдневни проблеми (на пр. проблеми во врската, рокови на работа и сл.) знае да направи голема штета.

Стравот на повисоко ниво е многу интензивен и со пократко времетраење. Кога се соочувате со него, настанува пренасочување на целата ваша енергија кон стравот, па приоритет во тие моменти ви станува да преживеете. Со други зборови, целата ваша енергија се насочува кон оние вештини за опстанок, како на пр. изострен вид и мускулатура, бидејќи вашиот мозок мисли дека ќе биде потребно да преживеете во некоја ситуација. Во овие моменти, сетилните дразби одат директно во емоционалниот и инстинктивен центар на вашиот мозок, па наместо да размислувате рационално и логично, вие станувате брзи, конкретни, реактивни и носите одлуки базирани на вашите чувства. Овој тип страв може да има огромни и трајни ефекти врз вас.

(2)-kako-stravot-go-okupira-vashiot-zhivot-i-3-nachini-da-se-oslobodite-od-nego-kafepauza.mk

Со оглед на тоа дека стравот може сериозно да ви наштети доколку не е правилно насочен, следниве три тактики можат да ви помогнат вие да ја преземете контролата врз него.

1. Препознајте го стравот правејќи редовни самопроверки

Запрашајте се како се чувствувате, што мислите, дали по вашето тело има видливи знаци на стрес (на пр. брзо срцебиење, стегнати рамена и сл.), а потоа поставете си го прашањето зошто е тоа така. Со наоѓање на изворот на стравот, може да се натерате себеси постепено да се соочувате со него што ќе ви дозволи да увидите дали навистина претставува некаква животна закана.

2. Намалете го стравот оставајќи си доволно простор

Ова е многу помошен процес бидејќи ви дозволува да го намалите интензитетот на страв така што ќе поставувате бафери во секојдневните опасни ситуации со кои се соочувате. Така на пр., доколку сте анксиозни, тогаш крајните рокови ве доведуваат до работ на тоа чувство. Ова може да го решите така што ќе си поставите свој, пократок краен рок, па дури и да не успеете да завршите до вашиот рок, ќе добиете уште некој ден плус да ја сработите задачата.

3. Соочете се со стравот во контролирани услови

Единствен начин да се ослободите себеси од неоснованиот страв е да се соочите со него. Иако во овој момент ве плаши дури и самата помисла на тоа, она што ќе ве смири е дека тоа може да биде процес кој ќе трае толку време колку што ви е вам потребно. Одредете го својот страв и замислете кој би можел да биде првиот чекор кон соочување со него. Тоа треба да биде мал чекор со кој не ни мора да се соочите сами. Одлучете кога и во кои услови ќе го направите тоа и иако на почетокот најверојатно ќе се смрзнете, полека, полека ќе се доведете себеси до состојба да го гледате тој поттикнувач на стравот како мала опасност.

Стравот може многу лесно да стане начин на живот. Нема ни да забележите, а тој веќе ќе ги има окупирано вашите мисли, вашите постапки и сѐ што претставувате. Да, вистина е дека стравот значи дека имате што да изгубите, но истиот момент кога ќе дозволите тој да ве надвладее, е тогаш веќе секако имате изгубено.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар