Како совршено да ја исчистите нечистотијата од вашето лице?

Како совршено да ја исчистите нечистотијата од вашето лице?

И жените и мажите кои се грижат за својот изглед и убавина, сакаат да имаат чисто и мазно лице, без акни и митесери. За среќа, обичните акни исчезнуваат после неколку дена, но митесерите од друга страна, сè подлабоко се всадуваат во вашата кожа, особено во пределот на носот, помеѓу веѓите и на брадата. За нивно отстранување, најефикасен производ претставуваат лентите за чистење пори, кои се продаваат во секој поголем маркет или аптека.

Како совршено да ја исчистите нечистотијата од вашето лице?

Проблемот е само во тоа што, и покрај нивната ефикасност тие се прилично скапи, односно околу 50 денари лента за една употреба, а за најдобар ефект и чисто лице, важно е да се користат често (еднаш неделно). Интересната девојка во видеото, нашла начин како да направи леплив материјал, кој брзо се суши и се „лупи“ од лицето, а чини малку пари.

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица желатин во прав
  • 1 супена лажица млеко
Начин на подготовка:

Ставете ги двете состојки во помал сад, измешајте ги убаво и ставете го садот 10 секунди во микробранова печка. Со стара четка за нанесување шминка, дрвено стапче или бибо-стапче земете дел од смесата и на задната страна од раката, проверете дали е премногу жешка. Ако не е, можете да почнете да ја мачкате областа на вашето лице, која сакате да ја исчистите од нечистотија и маснотија. Исто како и купените ленти, оставате ја смесата да се исуши на лицето околу 10 минути и потоа одлепувајте. Ефектот е одличен! 🙂




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.