Како секој месец да штедите по малку и да соберете пари за патување?

Како секој месец да штедите по малку и да соберете пари за патување?

Постојат многу причини да почнеме со штедење, а една од омилената на повеќето е патувањето. Ако и вие спаѓате тука, погледнете ги овие совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа, а да не се лишите од ништо.

Како секој месец да штедите по малку и да соберете пари за патување?

Утврдете колку ви изнесува вистинскиот месечен трошок и уште веднаш раздолжете се

Соберете ги сите месечни сметки и дознајте колку пари трошите во таа област. Обидете се да намалите некои работи. На пример, поделете ги сметките со членовите од семејството кои живеат со вас, или пак бидете поскромни со телефонот или електричната енергија.

Не купувајте скапи подароци за Денот на вљубените и останатите празници

На средината на февруари доаѓа Денот на вљубените, и сите вљубени сакаат да си даваат подароци. Оваа година договорете се со партнерот да не трошите премногу пари, туку покажете внимание со романтична вечера која сте ја подготвиле дома и шише вино. Ако ви се ближи и годишнината, прославете ја на истиот начин. Нема потреба од скапи подароци за да ја покажете вашата љубов.

Организирајте домашен пазар

На пролет речиси секој се одлучува за чистење на домот. Па сите ситници и работи кои не ви требаат, наместо да ги фрлате, фотографирајте ги и објавете ги на некои веб-сајтови за продажба. Можете да им ги понудите и на познаниците и на пријателите за некоја симболична цена.

Намалете со одењето во ресторан

Веројатно знаете дека оние кои се хранат во ресторан речиси половина од платата ја трошат на скапи оброци. Наместо тоа, купете храна и подгответе си ручек за на работа од дома. Покрај тоа што ќе заштедите, ќе можете да се храните поздраво.

Не мора секаде со автомобил

Јавниот превоз или пешачењето до работа се одлична алтернатива и немојте секогаш да ги избегнувате. Понекогаш оставете го автомобилот и користете поевтин превоз. Ако одберете пешачење или велосипед, ќе заштедите повеќе пари, но и тоа одлично ќе се одрази на вашето здравје.

Не го „фрлајте“ ситниот кусур

Сигурно и вам ви пречат монетите во паричникот, па најчесто ги ставате во некоја каса. Но добро е одвреме-навреме да ги замените монетите со банкноти и да ги ставите во буџетот за патување.

Користете купони и купувајте на попуст

Колку и да сакате да купите нешто, подобро е да го планирате шопингот и да следите кога има попусти. Многу често за време на попустите цената е дупло пониска.

Дали навистина го користите членството во теретана?

Месечната членарина која ви нуди неограничено користење на теретаната можеби звучи примамливо. Но запрашајте се колку всушност го користите тоа. Подобро платете за групни тренинзи два пати неделно на кои навистина ќе одите, но и со чија помош ќе заштедите. Ова важи и за други видови членарини и курсеви.

Купувајте подароци плански или на попуст

Ако во текот на годината планирате да купувате подароци за најблиските, поделете го тој трошок неколку месеци однапред и купувајте плански. И се разбира, не заборавајте дека нема потреба да купувате скапи подароци. Доволно е само да покажете дека сте помислиле на драгата личност со едноставен подарок.

Сега кога знаете како да заштедите, погледнете некои предлози за патување во 2018 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар