Како природно да го зголемите лачењето ендорфини?

Како природно да го зголемите лачењето ендорфини?

Ако го знаете чувството што се јавува по напорно вежбање, тогаш знаете како изгледа кога се лачат ендорфини во вашиот систем. Причината за ова е тоа што ендорфините се невротрансмитери кои се лачат кога телото искусува екстремен замор или физички напор. Па, можете да ги гледате како заштитен систем на телото.

Како природно да го зголемите лачењето ендорфини?

За среќа, нема потреба да бидете љубители на фитнесот за да го зголемите лачењето на ендорфини. Постојат начини што природно ќе ви овозможат да чувствувате задоволство. Погледнете за кои станува збор.

1. Создавајте музика

Изгледа создавањето музика е многу повеќе од тинејџерско искажување на емоциите. Ова е одлично и за лачењето ендорфини. Ако сте размислувале да научите да свирите гитара или пијано, сега е совршениот момент за тоа. Не само што ќе се забавувате, туку навистина ќе се чувствувате подобро, и ментално и физички.

2. Бидете интимни со некого

Не е изнендувачки што сексот го поттикнува лачењето ендорфини. Сепак, за тоа е потребна физичка активност. Па, сексот може да биде уште една замена за фитнес центрите.

3. Изгледајте смешен филм

Не е ни чудно што смеењето прави да се чувствуваме убаво. Но, чудно е што смеењето поттикнува лачење на ендорфини, а со тоа ви се зголемува и толеранцијата на болка. Воглавно, ќе се чувствувате подобро во вистинска биолошка смисла.

4. Јадете чоколадо

Конечно одлична причина да ја изедете омилената чоколада. Верувале или не, и јадењето чоколадо поттикнува лачење ендорфини. Причината е една состојка во какаото која го помага ослободувањето ендорфини во организмот, а со доаѓа и до подобрување на расположението.

5. Јадете ја омилената храна

Чоколадото не е единствената храна што ќе направи да се чувствувате подобро. Истражувањата покажале дека јадењето на омиленото јадење може да го поттикне лачењето ендорфини. Па, ако ви е потребно подобрување на расположението, почестете се со омиленото јадење.

6. Помирисајте лаванда

Изгледа мирисањето лаванда и други видови ароматерапија испуштаат неколку невротрансмитери како ендорфините. Сите тие имаат позитивен ефект на вашето тело вклучувајќи го намалувањето на анксиозноста и подобрувањето на расположението.

Дознајте и зошто понекогаш треба добро да се исплачете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар