Како правилно се пере костимот за капење?

Бидејќи е лето и сезоната на капење одамна е отворена, многу повеќе од јасно е дека костимите за капење ги носите почесто. Доколку сакате да ги сочувате и за следната сезона ви претставуваме неколку корисни совети.

Како правилно се пере костимот за капење?

Капењето на плажа остава разни нечистотии на вашиот костим за капење. На него се лепат масло или крема за сончање, нечистотија која се собира со лежењето на плажа, но и со самото капење во море или езеро. Покрај тоа што се валкаат, и брзо се трошат, па ако сакате да им го продолжите векот, после секое бањање перете ги во ладна вода. Најдобро е одма после бањањето да се туширате со тушот на плажата. Ако на плажата нема туш, по враќањето во вашето место каде што сте сместени, исперете ги во ладна вода. Наполнете го лавабото со вода и додадете малку благ сапун, па натопете го костимот за капење. Исперете го и потоа исушете го на сонце.

Никогаш не го цедете костимот со метод на завртување бидејќи така се уништува материјалот. Наместо тоа, лесно притискајте по целата површина за да го исцедите вишокот вода. После последното бањање исперете го костимот за капење на пониска температура со благ детергент. Немојте да користите пресилни хемикалии и висока температура бидејќи костимот може премногу да се растегне.

Убаво е да користите мрежа за перење долна облека со цел сите делови од костимот за капење да останат на свое место. После перењето, исушете го надвор и следната година ќе биде подготвен за носење.

А што е со останатите предмети што се користат на плажа?

Топката, душекот и останатата опрема за во вода, после употребата стануваат места на кои се создава мувла. Ако сте сигурни дека повеќе нема да ги користите до следното лето, исчистете ги во мешавина од вода и оцет, а после тоа исплакнете ги со вода. Ставете ги на сонце да се исушат и потоа складирајте ги.

На крајот на сезоната темелно исперете ги крпите за да можете да ги користите уште неколку лета. Заедно со детергентот, во машината ставете една шолја оцет и пола шолја сода бикарбона. Перете ги на 40 степени и избегнете го омекнувачот.

За повторно да ги носите вашите апостолки и идната година, потопете ги во када со сапун или детергент за перење на долна облека и со четка отстранете ја нечистотијата. Исушете ги и ставете ги на нивното место.

Дознајте и зошто ви е потребен црвен костим за капење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар