Како навистина изгледа работењето од дома?

Како навистина изгледа работењето од дома?

Оние кои секојдневно мораат да станат рано и да одат на работа, сонуваат за работење од дома, бидејќи така ќе можат да поспијат подолго благодарение на тоа што не мора да губат време во патување. Сепак, работењето од дома, може да биде голем недостаток, а не предност во однос на вашата работа и вашето секојдневие. Едно е сигурно, работењето од дома бара огромна дисциплина, а вашиот удобен дом, многу пати ќе ви го одвлече вниманието од работните задачи.Како навистина изгледа работењето од дома?Едно истражување открива што сѐ луѓето прават, додека паралелно ги извршуваат своите професионални должности. Па така, луѓето кои работат од дома, немаат проблем на сред секс да се јават кога ќе им заѕвони шефот на телефон, открива необичното истражување, спроведено од страна на британската интернет компанија Ecigarettedirect, која продава електрични цигари.

Еве како изгледа работењето од дома:

  • Повеќе од половина луѓе или 64% работат во своите пижами.
  • Околу 20% од анкетираните одговориле дека работеле голи барем еднаш во изминатата година. Некои дури признале и дека одговараат на телефонските повици од клиенти додека се на WC шолја.
  • Околу 80% од нив, додека работат гледаат и телевизија, а 37% од нив признаваат дека тоа малку ги деконцентрира.
  • Околу 70% попатно ги завршуваат и куќните обврски.
  • 1 од 20 луѓе ќе одговори на телефон додека има секс.
  • 4 од 10 луѓе тркнуваат да повежбаат фитнес или друга физичка активност во текот на работното време.
  • Една третина од луѓето одат на шопинг по облека или храна, додека се практично „на работа“.
  • Околу 15% велат дека најдобрата предност на работењето од дома, е тоа што можат колку сакаат да пушат цигари во својата „канцеларија“.

Еден испитаник рекол: „Проблемот со работењето од дома е тоа што станува матна линијата помеѓу приватниот и професионалниот живот. Лесно е да заборавите дека сте на работа, особено кога партнерот е дома заедно со вас. Морам да признаам дека се има случено да почнеме да се бакнуваме и прегрнуваме и во најдобриот момент да бидеме прекинати од телефонски повик од шефот или некој клиент. Обидот да се остане професионален во таквите моменти е вистински предизвик. Верувам дека таквите инциденти ќе се намалат доколку работата е заснована на видео повици.“

Друг вели: „Обожавам да одам на шопинг во текот на работното време, бидејќи така можам да ги завршам моите домашни обврски преку недела, наместо за викендот кога во сите маркети има многу гужва. Работењето од дома нуди многу поголема флексибилност. Сѐ додека си ги завршувам моите задачи, на мојот шеф не треба да му биде гајле каде и кога сум во даден момент. Сепак, малку е чудно кога ќе ми заѕвони додека ја плаќам сметката на каса.“

Портпаролот на ecigarettedirect.co.uk изјавил дека не биле изненадени од податокот дека „домашните“ работници гледале ТВ во своето работно време, но биле „малку“ шокирани од бројот на луѓе, кои ги користат работните часови за да бидат интимни со својот партнер.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар