Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Утринските подготовки на вашите деца за училиште или градинка многу често создаваат стресна ситуација. Навистина е тешко кога во рок од неколку минути вие и децата, од разбушавени и поспани суштества, треба да се претворите во уредни ученици и работници. За да си го намалите стресот, којшто може да ви го расипе денот уште рано наутро, постојат неколку едноставни навики кои можете да ги применувате и практикувате навечер.

1. Подгответе ги ужините од вечер

(1) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Направете си листа на ужинки кои од претходната вечер ќе можете да им ги подготвувате на вашите деца. Сендвичите со зеленчук, варените јајца, разни пити… Сето тоа може да го подготвите од вечер, убаво да го спакувате, а уште подобро доколку ви помагаат и вашите најмили. Така ќе знаат повеќе да ја ценат храната и повеќе да уживаат во неа на големиот одмор. Исто така, можете од вечер да ја наместите масата за раниот појадок. Наместете го чаршафот и чиниите, а утрината само извадете ја храната на маса. Тоа се некои детали кои можеби одземаат многу малку време, но зошто да ви создаваат притисок наутро, кога може претходно да ги подготвите.

2. Подгответе ја облеката, на децата и вашата

(2) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Подгответе ги сите детали. Извадете ги комбинациите за утрешниот ден. Вклучувајќи ја и долната облека, како и чорапите (нив можете да им ги ставите во чевлите). Некои експерти по овие прашања дури препорачуваат тие дневни комбинации да се закачуваат на видно место, за да можат вашите деца од вечер да си претстават како ќе изгледаат утрешниот ден, со што ќе им се намали стресот пред заминување в кревет.

3. Наместете ги книгите во ранците

(3) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Доколку пред заминување на работа и училиште не сакате да го слушате гласот на вашето дете од соседната соба како вика „Мамо, тато не можам да си ја најдам домашната тетратка!“ завршете си ја работата од вечер. Пред заминување в кревет, заедно со вашите најмили следете го распоредот на предмети што ќе ги има тој ден и книга по книга, тетратка по тетратка ставајте ги во ранецот. Истото важи и за спортската облека, доколку тој ден има физичко воспитување. Ранецот поставете го на прегледно место, најдобро во ходникот, затоа што често се случува во сета брзаница да се заборави најважниот детаљ.

4. Секогаш со вас имајте резервен „пакет“

(4) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Без оглед дали ќе го чувате во автомобилот или во вашата чанта, секогаш при рака имајте неколку продукти и предмети кои ќе ви се најдат на патот до училиште. Плочки од житарици, суво овошје, чешел, шише со вода… Ова се основните нешта кои би требало да ви бидат при рака и кои би можеле, додека возите, да ги предадете на задното седиште.

5. Вежбајте подготовка со вашите деца

(5) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Пред да тргнат на училиште или по долгите распусти, вежбајте подготовки со вашите деца. Ќе им треба време да ги стекнат рутините на брзо облекување, четкање на забите, чешлање, врзување врвки на патиките. Затоа неколку седмици пред почетокот на училишните обврски или пред поаѓање во градинка, одвојте време и со вашите деца повторете ги обврските со кои ќе се соочуваат секое утро.

6. Легнувајте си рано

(6) Како наутро побрзо да ги подготвите децата за во училиште или градинка?

Ова правило важи за сите, како за децата, така и за родителите. Прифатете го фактот дека мора да се разбудите рано наутро и дека нема да имате можност да го одложувате станувањето од кревет. Сфатете си ја одговорноста сериозно, затоа што единствено на тој начин, денот ќе ви започнува со насмевки, без непотребно викање и нервози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар