Како најдобро и најбрзо да ја исчистите четката за коса?

Како најдобро и најбрзо да ја исчистите четката за коса?

Имате вложено во скапа четка за коса која го негува влакното, но само по неколку користења, веќе се насобрала нечистотија помеѓу игличките. Да, вистината е дека и скапите четки се валкаат. Еве еден едноставен трик за брзо и ефикасно чистење, кој треба редовно да го применувате.

kako-najdobro-i-najbrzo-da-ja-ischistite-chetkata-za-kosa-kafepauza.mk

Потребно:
  • Чепкалка за заби или чешел
  • Стара четка за заби
  • Течен детергент или шампон за коса
Постапка:

1. Со рацете, со чепкала или со чешел отстранете ги најпрво влакната.

2. Во леген ставете топла вода и додајте малку шампон или детергент.

3. Четката натопете ја во водата и оставете ја да постои неколку минути.

4. На четкичката за заби ставете уште малку од средството што одлучивте да го користите и убаво истријте ја четката од сите страни, притоа фаќајќи го и просторот помеѓу игличките. Потоа оставете ја четката уште малку во водата.

5. По 10 минути проверете дали е отстранета нечистотијата, а ако не е, повторете ја постапката со четката за заби.

6. На крајот исплакнете ја четката со топла вода и оставете ја да се исуши.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар