Како најдобро да ги отстраните влакната со бричење?

Бричењето е наједноставниот начин да ги отстраните несаканите влакна, а за да ги избегнете исечениците и иритациите најдобро е да се држите до следниве правила.

kako-najdobro-da-gi-otstranite-vlaknata-so-brichenje-kafepauza.mk

1. Пилинг пред бричење

Со помош на пилингот ќе ги отстраните мртвите клетки кои можат да го „затнат“ бричот и да го отежнат бричењето. А освен тоа вака помали се шансите дека ќе се исечете. Одберете благ пилинг или користете гел за туширање со пилинг на дневна база.

2. Ништо без крема или пена за бричење

Немојте да мислите дека со сапунот или пак со гелот за туширање ќе ги замените кремот и пената за бричење. Сапунот само ќе ја исуши кожата, додека производот наменет за бричење ќе ја хидрира и ќе го олесни бричењето. Ако немате крем или пена за бричење при рака, слободно посегнете по регенераторот за коса.

3. Бидете нежни спрема кожата

После бричењето најдобро е да ги одбегнувате грубите ракавици или сунѓери за тело, бидејќи само ќе ја иритирате кожата што потоа може да доведе до појава на црвенило и мозолчиња.

4. Не се сите креми за бричење исти

Како и секој козметички производ, различни креми или пени за бричење се наменети за различни типови кожа. Ако вашата кожа е сува и осетлива, би требало да избегнувате производи кои содржат алкохол и парфеми.

5. Најдобро е туширањето да го завршите со бричење

Топлината и пареата од тушот ќе ги омекнат влакната и ќе ги отворат порите на кожата. Затоа најлесно е нозете да ги бричите после туширањето.

6. И бутините се важни

Многу жени го прескокнуваат тоа подрачје, што е голема грешка. Бутините се исто така важни како и другите делови од ногата, па и од нив треба да ги избричите непожелните влакна сè додека ногата не е мазна на допир.

7. Долгите потези не се секогаш успешни

Тоа е една од почестите грешки кои ги правиме. Подобри резултати ќе добиеме ако правиме кратки потези и не го притискаме бричот. Ако повеќе пати поминувате на ист дел со цел да ги отстраните влакната, но без успех, тоа значи дека бричот е отапен и треба да го замените со нов.

8. Изберете го вистинскиот брич

Пронаоѓањето на вистинскиот брич е првото важно нешто за удобноста при бричењето. Тој би требало да има повеќе острици за да не морате повеќе пати да поминувате преку едно исто место, а со тоа и да ги спречите иритациите.

9. Мачкајте ги нозете

Како што секој ден со крем го мачкате вашето лице, така ќе морате да правите и со вашите нозе. Кога ќе почувствувате дека кожата на нозете е сува, хидрирајте ја со лосион или млеко за тело и така ќе го спречите црвенилото.

10. Не заборавајте на заштитата од сонцето

После бричењето или пак депилацијата кожата е осетлива па при излегување на сонце во потоплите денови потребно е да ја заштитите со крема со заштитен фактор. Но одбирајте лосиони не само со заштита туку такви што истовремено ја хидрираат.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар