Како луѓето стануваат нарциси?

Како луѓето стануваат нарциси?

Повеќето луѓе ја поврзуваат нарцисоидноста со потребата од супериорност и иако има тука некоја вистина, ова не е единствениот фактор кој го определува нарушувањето. Имено, коренот на нарцисоидноста лежи во строгиот отпор кон покажувањето ранливост пред кој било човек во кое било време.

Како луѓето стануваат нарциси?

Нарцисите не веруваат никому без разлика на степенот на блискост во врската. Поради тоа, тие не сакаат да се стават себеси во ранлива позиција. И покрај видливата грандиозност и супериорност, нарцисите се всушност многу анксиозни и чувствителни.

Луѓето не можат постојано да бидат задоволни од себе, а нарцисите очајно се обидуваат да го направат тоа. Тие се плашат да ги покажат нивните слабости, бидејќи мислат дека другите ќе ја искористат можноста за да ги искористат или да ги контролираат.

Со цел да ги скријат повремените чувства на ранливост и слабост, нарцисоидните луѓе секогаш се однесуваат помоќно и посилно одошто навистина се чувствуваат. Тоа повторно докажува дека ранливоста е коренот од каде што потекнува нарцисоидноста и покрај генералното мислење дека се работи за потреба од супериорност и доминација. Ако се обрне повеќе внимание на овој сегмент од нарушувањето, луѓето ќе можат подобро да ги разберат нарцисите и да им помогнат.

Самиот поим „нарцизам“ не е доволен за да се објасни ова нарушување. Што можеме да дознаеме од него? Многу малку. Дали луѓето би требало веднаш да помислуваат на античкиот мит за Нарцис кој непрекинато гледал во неговиот одраз во водата за да го разберат неговото значење?

Вистината е дека егото на нарцисоидните луѓе било некогаш повредено, а тоа ја нарушило нивната самодоверба. Некој или нешто направило да се чувствуваат лошо во врска со себе и затоа имаат потреба од постојани пофалби и комплименти кои им помагаат да го подобрат сопственото расположение. Нарцисите никогаш не би го откриле нивното вистинско лице и тие немаат интерес за себеспознавање и личен напредок бидејќи се водат по мотото „Никогаш не престанувај да се штитиш“. Тие не би можеле да се справат со анксиозноста, тагата и бесот што би можеле да произлезат од соочувањето со нивните вистински емоции.

Луѓето треба да разберат дека супериорноста што ја покажуваат нарцисите е само маска, психолошка одбрана којашто го крие вистинскиот корен на проблемот: Нарцисите никогаш нема да дозволат да се покаже нивната ранливост. Откако ќе го разберете тоа, можеби треба да се запрашате каква врска би можеле да имате со личност која не сака да се отвори и да ја покаже нејзината ранливост пред вас.

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги овие 11 суптилни знаци на нарцизам кои лесно можат да се занемарат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар